Донатор: Европска Унија
Времетраење: 48 месеци
Општа цел:
Подобрување на пристапот до правдата за сите, особено за ранливите и маргинализирани групи граѓани во Северна Македонија.
Специфични дели:
- Да се олесни заштитата од дискриминација на маргинализираните групи на луѓе преку обезбедување бесплатна правна помош;
- Подигање на свеста и промовирање на едукација за прашања поврзани со човековите права;
- Да се подобри пристапот до правдата на граѓаните преку следење на релевантните институции со помош на анализа базирана на докази;
- Залагање за соодветно законодавство и политики во однос на заштитата на човековите права и владеењето на правото во согласност со правото на ЕУ и
- Да се зајакнат капацитетите на ИЧП за следење и застапување на политиките и за постигнување поголема одговорност и компетентност.
Предвидени активности:
- Обезбедување на бесплатна правна помош на маргинализирани групи на граѓани (граѓани со ниски примања, лица со попреченост, жени, ЛГБТИ лица, Роми и други ).
- Програма за застапување во случаи каде е евидентирана дискриминација преку подготвување на иницијативи и барања за заштита на човековите права до Уставен суд.
- Мониторинг на работата на Судскиот совет на РСМ преку следење на јавните седници и подготовка на полугодишни мониторинг извештаи.
- Промовирање на Правен дијалог преку објавување на повици за доставување на трудови.
- Организирање на фокус групи и анкети во врска со пристапот до правда.
- Подготовка на 2 онлајн курсеви на Академијата на ИЧП.
- Објавување на годишен извештај за состојбите со човековите права и дискриминацијата во Република Северна Македонија со цел детектирање на прекршувања на човековите права.
- Подготовка на алатки за визуелизација (инфографици, видеа и други алатки).
- Тренинзи за јакнење на капацитетите на ИЧП.
Целни групи:
- Маргинализирани групи на граѓани
- Државни институции
- Граѓански организации
- Правни експерти
- Наставници и ученици