❗️НОВ КУРС НА ОНЛЈАН АКАДЕМИЈАТА НА ИЧП❗️
Институтот за човекови права создаде нов онлајн курс за родова еднаквост. Овој курс е наменет за оние кои сакаат да се запознаат со основните поими поврзани со родово - базираното насилство, различните форми на родово-базирано насилство, зошто жените се поподложни на родово базирано насилство и кои групи на жени во општеството се поподложни на родово-базирано насилство.
Родовото-базирано насилство претставува прекршување на правата, особено на жените, и важно е да реагираме доколку препознаеме дека ни се случува нам, на некоја што ја познаваме или пак во средината каде живееме или работиме.
Курсот е достапен на www.ihracademy.org.mk