
Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.
Намалување на дискриминацијата и говорот на омраза во училиштата, а истовремено и подигнување на свеста за толеранцијата, прифаќањето и правата на ЛГБТИ заедницата помеѓу општата јавност и младите лица.
Промоција на човекови права и намалување на дискриминацијата кон маргинализираните и ранливи групи.
Општата цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку намалување на родовите предрасуди и стереотипи во училиштата.
Зголемено влијание на граѓанските организации врз процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и зајакнување на независноста и непристрасноста на судството.
Проектот има за цел да го зајакне јавниот надзор над работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗД) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со цел поефективно остварување на нивните надлежности во јавен интерес.
Проектот „Заедничка заложба за поголеми достигнувања во судството“ има за цел зголемување на влијанието на граѓанските организации во судските реформи преку заедничко вклучување на граѓанските организации и професионалните здруженија во оценувањето на работењето на правниот сектор, како и ефективна соработка со сите заинтересирани страни во судството.
Судскиот совет на РСМ. има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото во Македонија. Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството.
Основна цел на Проектот “Заедно во борба против корупција” е да придонесе за подршка и подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на нивната улога на“ watchdogs“или контролор на работата на државните органи со цел законито и транспатрентно извршување на функцијата и за спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност...
Проектот „Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област “ е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамките на Прекуграничната програма Македонија - Албанија под Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2014 и 2015 година, и е спроведуван од страна на Институтот за човекови права(ИЧП), фондација Егалите и Центарот за компаративни и меѓународни студии како партнери, и Центарот за управување со промени (ЦУП) како носител на проектот.
Зачлени се за тековни известувања
Стручното списание „Правен дијалог“ кое го издава Институтот за човекови права (ИЧП) овој пат е поддржано од програмата на Цивика Мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.
Првото издание на Правниот дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година, а почнувајќи од 10то издание објавено во Јуни 2016 година, Правниот дијалог се објавува на квартално ниво.
Институтот до сега доби многу позитивни реакции од страна на домашни и меѓународни институции и организации кои го поздравија издавањето на ова стручно списание оценувајќи го истото како мошне корисно за унапредување на правната мисла, како за теоретичарите така и за практичарите, и воедно дадоа голема поддршка за негово понатамошно издавање.