news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Повик за пријавување на студенти од правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово

Обука на тема: „Административна социјална правда“

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на студенти од правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа на обука која ќе се одржи на 25, 26 и 27 ноември 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Тетово.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат студенти кои се на додипломски студии или на мастер студии.

Предност ќе биде дадена на студенти од мастер студии по административно право.

Обуката има за цел да ги зајакне знаењата на студентите за:

  • меѓународните стандарди за административна и социјална правда;
  • управната постапка и нејзините основни начела;
  • управните спорови и судската заштита на правата;
  • пристапот до правда и заштитата на социјалните права во административните постапки;
  • начин на водење на обука и споделување на знаења;
  • управни постапки и спорови и искуства од земјите од регионот.

Обуката ќе биде реализирана од експерти од областа на управното право и човековите права, преку интерактивни предавања, практични вежби и дискусии. На оваа обука предвидени се сесии со регионални професори по административно право.

Начин на пријавување:

Пријавите се испраќаат со пополнување на следната форма: https://forms.gle/iD88RJdVnTCVoxns6

Рок за пријавување:

Крајниот рок за доставување на пријавите е 23 ноември 2026 година.

Изборот на учесниците ќе се врши според принципот „прв пријавен – прв услужен“, сѐ до пополнување на расположливите места.