projects-bg

Тековни проекти

ДЕВОЈКИ И МЛАДИ ЗАЕДНО ВО ЗАШТИТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Донатор: Европската Унија преку програмата Еразмус+

Времетраење: 1.10.2025 – 31.1.2027

Овој проект го спроведува Хекима (Словачка), во партнерство со Институтот за човекови права.

Општа цел: Да се оспособат младите луѓе, особено девојките, Ромската младина и младите од маргинализирани етнички заедници, со вештини, самодоверба и алатки за да станат носители на позитивни промени водени од вредности, способни да ги обликуваат своите заедници, да ги бранат човековите права и да промовираат демократија, еднаквост и социјална правда.

Специфични цели: 

  • Да се поттикне развојот на критични граѓански компетенции кај младите, вклучувајќи етичко донесување одлуки, колаборативно лидерство и способност за справување со општествени предизвици преку проекти за општествена промена, со што се зајакнува граѓанскиот ангажман и европските вредности.
  • Да се поддржат девојките, особено оние од маргинализирани заедници, да ги откријат своите лични вредности, да изградат самодоверба и да развијат лидерски вештини за застапување на родова еднаквост, човекови права и инклузија, при што се охрабрува родовото помирување и се поттикнува колаборативно лидерство помеѓу младите жени и мажи.
  • Да се развијат и пилотираат иновативни образовни алатки - дневник за создавање промени, друштвена игра „Патеки до создавање промени“ и серија граѓански предизвици.
  • Да се зајакнат капацитетите на младинските работници и едукаторите за поттикнување граѓански компетенции, етичко лидерство и колаборативно создавање промени, преку научно засновани и партиципативни методи адаптирани и за формално и за неформално образование.
  • Да се генерираат препораки за јавни политики водени од младите, врз основа на нивните искуства од процесите на создавање промени, со цел нивните решенија и увиди да влијаат врз идните политики за млади, родова еднаквост и инклузија на локално, национално и европско ниво.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  1. Почетен партнерски состанок во Братислава.
  2. Развој на Дневник за создавање промени.
  3. Развој на друштвена игра „Патеки до создавање промени“.
  4. Партнерски состанок во Скопје.
  5. Обука за едукатори и младински работници (Оспособување на едукаторите за поттикнување на младите да се вклучат во процесите на создавање промени во Словачка и Северна Македонија).
  6. Директно вклучување на младите преку алатки за создавање промени во Словачка и Северна Македонија.
  7. Хакатон за создавање промени во Словачка и Северна Македонија.
  8. Серија граѓански предизвици во Словачка и Северна Македонија.
news-bg

Новости

post-img

Официјално започната соработката со партнерите од Словачка

Повеќе