news-bg

Новости

Проект:

Од архивата на ИЧП: Колку е ефикасна уставно-судската заштита на човековите права?

Иако анализата е објавена пред неколку години, прашањето што го отвора останува исклучително значајно за ефективната заштита на човековите права и улогата на Уставниот суд.

Во анализата „Уставниот суд – заштитник на човековите права“, ИЧП ја разгледува надлежноста на Уставниот суд да обезбеди заштита на слободите и правата на граѓаните, особено во ситуации кога повредата е сторена со одлука на редовен суд.

🔎 Едно од клучните прашања што го отвора анализата е: Што значи утврдената повреда на човеково право ако одлуката со која е сторена повредата остане во сила?

Од аспект на човековите права, утврдувањето на повредата е само еден дел од заштитата. Ефективноста на заштитата зависи и од можноста да се отстранат последиците од повредата.

📌 Анализата отвора важна дебата за:

  • надлежностите на Уставниот суд;
  • ефективноста на уставната тужба/барањето за заштита на слободите и правата;
  • односот меѓу Уставниот суд и редовното судство;
  • правната сила и последиците од одлуките на Уставниот суд;
  • усогласеноста со стандардите и практиката на Европскиот суд за човекови права.

Достапна на овој линк.

project-img