news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Правен дијалог бр. 28

Во овој број, кој е еден од најбогатите досега, концептот на списанието се заокружува со отворање простор во кој ќе се третираат теми од екологијата. Зашто, тешко дека може да стане збор за владеење на правото, правната држава, почитување на човековите права, слободи и достоинство, ако не се остварува едно од фундаменталните права за опстанок на човештвото – живеење во здрава и чиста средина.

Oбработени се теми за релацијата меѓу правото и правдата, за извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во нашиот правосуден систем, за улогата на Здружението на судии, се нудат решенија за подобрување на изборот и функционирањето на Судскиот совет, се анализира начелото „ne bis in idem“ во казненото законодавство кај нас. Се третираат и теми за заштитата на децата во дигиталниот свет, како и за модерното ропство. Во секторот за екологија се потенцира правото на здрава животна средина и еколошкиот криминал како облик на организиран криминал.

Страниците на списанието „Правен дијалог“ се отворени за сите Вас, доколку имате желба да се јавите со текст од сферата на Вашето научно и работно ангажирање и интересирање.

Прочитајте го новото издание на овој линк > Правен дијалог бр. 28

project-img