news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Извештај од следењето на работата на Судскиот совет на РСМ

Институтот за човекови права, преку присуство на сите отворени седници, редовно ја следи работата на Судскиот совет. Цел на оваа активност е, преку објективно следење на неговата работа, Институтот за човекови права да ги забележи предизвиците и напредокот во неговото работење, како и да придонесе, со заклучоци и препораки базирани на докази, за подобрување на состојбата во судството. Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Пристап до правда за сите – Годишна работна програма 2025”, финансирана од Европската Унија, во рамки на ИПА III програмата за граѓанско општество и медиуми, за 2022 година.

Мониторинг извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Судски совет или ССРСМ) се однесува на периодот од јануари до јули 2025 година. 

Извештајов е поделен во три главни дела, кои се однесуваат на транспарентноста, ефективноста и ефикасноста на Судскиот совет.

Покрај редовната работа на Судскиот совет, во овој извештај можете да прочитате и за интерпелациите за пет члена на Судскиот Совет, имплементацијата на препораките од оценската мисија на ЕУ и изборот на претседател на Судскиот Совет. 


Целосниот извештај е достапен тука: македонски | English

project-img project-img