news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Фокус група со граѓански организации

На 30 мај 2023 година, Институтот за човекови права во рамките на програмата „Пристап до правда за сите“ финансиски поддржана од Европската Унија одржа фокус група со претставници на граѓански организации со цел да се добијат повеќе податоци за состојбите со човековите права во државата и почитувањето на меѓународните инструменти за заштита на човековите права и особено конвенциите и документите на ООН, а во контекст на разгледувањето на РСМ во рамките на 4тиот циклус на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на ООН. Во оваа насока, посебен фокус беше ставен на прашањата и тематските области истакнати во писмото на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации адресирани до државата во третиот циклус на УПП, со акцент на социјалната заштита. 

Фокус групата беше водена од проф. д-р Елена Михајлова Стратилати. На фокус групата присуствуваа вкупно 10 претставници на граѓански организации кои работат директно со ранливи и маргинализирани групи на луѓе во Северна Македонија.

project-img project-img project-img