news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ИЗВЕШТАЈ: СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Овој извештај накратко ја презентира состојбата со човековите права во Република Северна Македонија низ призмата од клучните области во кои работи Институтот за човекови права. Извештајов има за цел да ги утврди важните настани и аспекти на (не)почитувањето на човековите права во нашава земја, кои ја одбележаа 2023 година.

Извештајов се фокусира на неколку области и тоа – на пристапот до правда – со посебен фокус на пристапот до административната правда на маргинализираните групи и бесплатната правна помош, еднаквоста и недискриминацијата, како и на човековите права на специфичните групи, како жени, лица со попреченост, Роми итн. Извештајов дава и краток преглед на пресудите од Европскиот суд за човекови права, кои беа донесени во 2023 година против Република Северна Македонија. На крај извештајов содржи и посебен дел за правото на здрава животна средина.

Извештајот е достапен на македонски и англиски јазик.

project-img