news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Прирачник за европските стандарди за управните постапки

Јавната администрација секојдневно влијае на квалитетот на животот на индивидуите, но и на целокупниот развој на една држава. Таа се перципира како најважно средство за имплементација на државните политики. 

Имено, за да можат граѓаните ефективно да уживаат дел од правата, мораат пред сè да иницираат управна постапка и да добијат конкретен управен акт (решение, лиценца, дозвола, одобрение). Водејќи управни постапки јавната администрација одлучува за бројни права и обврски на индивидуите и правните лица. Независно дали говориме за правото да се гради на сопствено земјиште, обврската да се плати царина, правото да се добие старосна или друга пензија, правото да се добие стипендија, правото да се увезе некаква роба, правото да се добие азил и друго, јавната администрација во управна постапка ќе донесе акт или ќе преземе управно дејствие. 

Поради ваквото значење на управните постапки воспоставени се стандарди за нивно спроведување, како на национално, така и на меѓународно рамниште. Токму овие стандарди се елаборирани во овој Прирачник. 

Особено внимание им се посветува на стандардите кои важат во случаите кога се решава за правата од пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и други социјални права. Прирачников е наменет за секој граѓанин кој е странка во управна постапка или во управен спор, како и за службениците кои водат управни постапки, а во крајна инстанца и за судиите од управното судство.

Целосниот прирачник на македонски јазик е достапен тука.

Целосниот прирачник на албански јазик е достапен тука.

Овој Прирачник е изработен во рамките на програмата „Пристап до правда за сите”, финансирана од Европската Унија во рамки на ИПА III програмата за граѓанско општество и медиуми 2021.


project-img project-img