news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Повик за ангажирање на услуги за дизајн, подготовка и печатење на материјали 04/2022

Институтот за човекови права во рамките на проектот „Пристап до правда за сите”, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2020 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија, има потреба од ангажирање на услуги за дизајн, подготовка и печатење на материјали.

Поканата и техничката спецификација можете да ги најдете тука:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: kristina.doda@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 19.05.2022 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса kristina.doda@ihr.org.mk најдоцна до 17.05.2022 година.