news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПУБЛИКАЦИЈА: СТАТУСОТ НА ВОНБРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА И ПРАВАТА НА ВОНБРАЧНИТЕ ПАРТНЕРИ

Значењето на вонбрачната заедница, во современите општества, е сè поголемо и поизразено,  од причина што претставува облик или вид на создавање семејство, коешто ги има истите животни потреби и реализација на истите како и на семејството засновано со формално правен брак. Рестриктивната законска дефиниција на вонбрачната заедница, уредена во Законот за семејство, го одредува и нејзиниот статус во општеството и истовремено ја отсликува положбата на вонбрачните партнери во севкупниот општествен живот и средина, изедначувајќи ја со брачната заедница само во поглед на правото на меѓусебно издржување и со имотот стекнат за време на траење на таа заедница.

Во оваа анализа ќе бидат изнесени клучните аспекти на состојбата на вонбрачната заедница во нашава држава и потребата од поцелосно законско регулирање на правните односи коишто настануваат помеѓу вонбрачните партнери во одредени сегменти од заедничкото живеење во таквата заедница, чие постоење неспорно е прифатено во дел од законската регулатива на македонскиот правен поредок.  

Публикацијата може да ја погледнете тука.

project-img