news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПРАВЕН ДИЈАЛОГ БР. 27

Ова јунско издание на „Правен дијалог” е посветено на различни теми кои ги гарантираат човековите права во граѓански и казнен контекст, на меѓународен и национален план. Ќе имате можност да прочитате и да дознаете повеќе за човековите права и нивното постоење од идеја до стварност, како и улогата на комуникацијата во промовирање на човековите права и владеење на правото. Од аспект на меѓународните судови, ќе се запознаете со постапката по претходно одлучување на Судот на правдата на Европската Унија како и правото на брак и непримената на пресудата Миладинов и други против Македонија на Европскиот суд за човекови права. Во однос на заштита на човековите права во казнен контекст, имате можност да се запознаете со етичкиот кодекс на Јавното обвинителство, правата на обвинетиот во постапката за спогодување и правото на информирање на осомничено лице во полициска постапка. На крај, ќе имате можност да прочитате текст кој ги обработува состојбите поврзани со правната држава и правосудството изгубени во лавиринтите на политиката, партократијата и протекционизмот.

Прочитајте го новото издание на овој линк > Правен дијалог бр. 27