news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Состанок во Управен суд

На 27 јануари 2023 година, Извршната директорка на Институтот за човекови права Јелена Кадриќ и Менаџерката на програмата „Пристап до правда за сите” одржаа состанок со Заменик претседателката на Управниот суд Марта Телегрвчиска.

На состанокот беше презентирана програмата „Пристап за правда до сите” финансирана од Европската Унија во рамките на IPA III програмата за граѓанско општество и медиуми 2021 како и една од активностите која се однесува на следење на рочиштата пред Управниот суд кои се однесуваат на социјални права. Дополнително, беа презентирани целите кои треба да се остварат преку иплементација на оваа програма, а кои се однесуваат на работата на Управниот суд.