Институтот за човекови права, преку присуство на сите отворени седници, редовно ја следи работата на Судскиот совет. Цел на оваа активност е, преку објективно следење на неговата работа, Институтот за човекови права да ги забележи предизвиците и напредокот во неговото работење, како и да придонесе, со заклучоци и препораки базирани на докази, за подобрување на состојбата во судството. Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Пристап до правда за сите – Годишна работна програма 2024”, финансирана од Европската Унија во рамки на ИПА III програмата за граѓанско општество и медиуми, за 2022 година.
Мониторинг извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија се однесува за периодот од август до декември 2024 година. Извештајов е поделен во три главни дела кои се однесуваат на транспарентноста, ефективноста и ефикасноста на Судскиот совет.
Целосниот извештај е достапен тука: македонски | English | shqip