Донатор: Европска Унија
Времетраење: од 01.01.2022 до 31.12.2023
Општа цел:
Подобрување на пристапот до правдата за сите, особено за ранливите и маргинализирани групи граѓани во Северна Македонија.
Специфични цели:
- Да се олесни заштитата од дискриминација на маргинализираните групи на луѓе преку обезбедување бесплатна правна помош;
- Подигање на свеста и промовирање на едукација за прашања поврзани со човековите права;
- Да се подобри пристапот до правдата на граѓаните преку следење на релевантните институции со помош на анализа базирана на докази;
- Залагање за соодветно законодавство и политики во однос на заштитата на човековите права и владеењето на правото во согласност со правото на ЕУ; и
- Да се зајакнат капацитетите на ИЧП за следење и застапување на политиките и за постигнување поголема одговорност и компетентност.
Предвидени активности за 2023 година:
- Обезбедување на бесплатна правна помош на ранливите и маргинализираните групи на граѓани (граѓани со ниски примања, лица со попреченост, постари лица, жени, ЛГБТИ лица, Роми и други);
- Застапување на програми за промовирање на еднаквост и недискриминација;
- Мониторинг на работата на Судскиот Совет на РСМ преку следење на јавните седници и подготовка на полугодишни мониторинг извештаи;
- Издавање на списанието ‘Правен дијалог’ коe опфаќа теми од полето на човековите права;
- Организирање на фокус групи за прашања во врска со пристапот до правда;
- Подготвување на онлајн курсеви за одредени човекови права и нивно објавување на Академијата на ИЧП за човекови права;
- Следење на законските измени и залагање за правилна имплементација на стандардите за човекови права;
- Следење на судските рочишта пред Управен Суд;
- Објавување на годишен извештај за основните права кој ќе служи за застапување и известување во сенка;
- Анализа на избрана судска практика на ЕСЧП во однос на управно право и подготовка на прирачник.
Предвидени активности за 2022 година:
- Обезбедување на бесплатна правна помош на маргинализирани групи на граѓани (граѓани со ниски примања, лица со попреченост, жени, ЛГБТИ лица, Роми и други );
- Програма за застапување во случаи каде е евидентирана дискриминација преку подготвување на иницијативи и барања за заштита на човековите права до Уставен суд;
- Мониторинг на работата на Судскиот совет на РСМ преку следење на јавните седници и подготовка на полугодишни мониторинг извештаи;
- Промовирање на Правен дијалог преку објавување на повици за доставување на трудови;
- Организирање на фокус групи и анкети во врска со пристапот до правда;
- Подготовка на 2 онлајн курсеви на Академијата на ИЧП;
- Објавување на годишен извештај за состојбите со човековите права и дискриминацијата во Република Северна Македонија со цел детектирање на прекршувања на човековите права;
- Подготовка на алатки за визуелизација (инфографици, видеа и други алатки);
- Тренинзи за јакнење на капацитетите на ИЧП.
Целни групи:
- Маргинализирани групи на граѓани;
- Државни институции;
- Граѓански организации;
- Правни експерти;
- Млади луѓе.