news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Годишен извештај: Работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права 2025

Во текот на 2025 година, Институтот за човекови права следеше 140 јавни расправи пред Управниот суд на Република Северна Македонија, со фокус на предмети поврзани со инвалидска и семејна пензија, скратено работно време, помош и нега од друго лице и други социјални права.

Што покажува мониторингот?

Забележани се позитивни поместувања:

  • Зголемена транспарентност, започнат процес на дигитализација и поактивно учество на дел од институциите во судските постапки.
  • Поголемо присуство на тужените органи придонесе кон подобра контрадикторност и појаснување на фактите во текот на расправите.

Сепак, остануваат сериозни предизвици:

  • Долготрајни постапки и ретко мериторно одлучување;
  • Недоставување комплетни списи од страна на управни органи;
  • Неактивност на одредени институции;
  • Недоволна информираност и правна помош за граѓаните;
  • Формалистички одлуки кои ги враќаат предметите во „правен круг“ со години.

Особено загрижува фактот што лицата со инвалидитет, самохраните родители и повозрасните лица – категории кои најмногу зависат од социјалните права – често се соочуваат со административни бариери наместо со активна институционална поддршка.


Целосниот извештај е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

македонски | shqip | English


------------------------------------

Извештајот е изработен во рамки на програмата „Пристап до правда за сите – Годишна работна програма 2025“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

project-img project-img project-img