Социјалните права генерално се однесуваат на правата што ги имаат поединците за пристап до основните услуги и ресурси кои придонесуваат за нивна благосостојба и достоинство. Овие права можат да бидат инструменти за ублажување на сиромаштијата, преку обезбедување заштитна мрежа за оние на кои им е потребна. Програмите за социјална помош, бенефициите за невработеност и други форми на поддршка можат да им помогнат на поединците и на семејствата, во тешки времиња. Важноста на социјалните права лежи во нивниот потенцијал да го подобрат човековото достоинство, да промовираат еднаквост и да придонесат за целокупната благосостојба на поединците и на општеството.
Извештајот се однесува на набљудувани јавни расправи во првата половина 2024 година. Истиот содржи детални податоци за тоа кои основи биле набљудувани во извештајниот период, кој тужен орган се појавува како најзастапен во набљудуваните јавни расправи, како и детални наоди забележани при набљудувањето на јавните расправи.
Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука.
Целосниот извештај на албански јазик е достапен тука.