news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Курс за (Не)дискриминација

❗️НОВ КУРС НА ОНЛЈАН АКАДЕМИЈАТА НА ИЧП❗️

Курсов е наменет за сите лица кои сакаат да се едуцираат за темите поврзани со принципот на еднаков третман и (не)дискриминација. Со курсот посетителите ќе стекнат основни знаења поврзани со:

  • Значењето на принципот на еднаков третман и терминот дискриминација;
  • Препознавањето и справувањето со стереотипите и предрасудите и нивната поврзаност со дискриминацијата;
  • Правната рамка за спречување и заштита од дискриминација;
  • Основите, формите и областите на дискриминација;
  • Разликата меѓу прекршување на права, нефер третман и дискриминација;
  • Состојбата со дискриминацијата во државава и механизмите за заштита.

Принципот на еднаквост и недискриминација е основа за остварување на човековите права. Цел на концепцијата за човекови права и недискриминација е да укаже дека сите сме еднакви и имаме исти права, без разлика на личните карактеристики.

Различноста е испреплетена во сите сфери на општеството и е многу важна во секое општество. Преку поимот различност, различните групи лица се препознаваат како важни делови на секое општество, па оттука секој во општеството заслужува да биде вреднуван со почит. Секое лице е вреден член на својата заедница/општество и има право да биде вклучено во општеството, но и во јавната сфера. Различноста во општеството е многу важна вредност и таа треба да се унапредува и да се цени.

 Освен право да се биде еднакво третиран, како за државата, така и за народот и поединецот, секој има обврска да не дискриминира врз основа на личните карактеристики на луѓето. Доколку се случи да бидеме дискриминирани поради нашите лични карактеристики, имаме право да бараме заштита од страна на институциите во државата. 

Курсот е достапен на www.ihracademy.org.mk


project-img project-img project-img project-img