news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Работилница за подготовка на организациски план за застапување

На 4 и 5 јули 2022 година се одржа работилница за подготовка на организациски план за застапување на Институтот за човекови права. Работилницата беше дел од проектот „Пристап до правда за сите“, поддржан од Европската Унија, и нејзината цел беше да се зајакнат капацитетите на Институтот за човекови права. На работилницата беа присутни членовите на извршната канцеларија на ИЧП, членовите на Управниот одбор и дел од членовите на ИЧП. 

Еден од стратешките приоритети на ИЧП е обезбедување на еднаквост и недискриминација. Во изминатиот период, Институтот идентификуваше проблеми во остварувањето на (активното и пасивното) избирачкото право на лицата со попреченост и од тие причини фокусот на планот за застапување е националната правна рамка за извршување на избирачкото право на лицата со попреченост и нејзината усогласеност со Конвенција за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации.

Институтот за човекови права беше воден низ процесот на креирање и пишување на план за застапување од Владимир Лазовски и Мартина Смилевска-Кчева.

Во наредниот период, Институтот ќе се фокусира на доработка на планот за застапување и реализирање на предвидените активности со цел да се обезбеди еднакво уживање на избирачкото право за сите.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img