news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Извештај: Работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права

Институтот за човекови права редовно ги следи јавните расправи пред Управниот суд во предмети коишто се однесуваат на социјалните права. Цел на оваа активност е да се анализира пристапот до административната правда за сите граѓани, со посебен осврт на маргинализираните и ранливите групи граѓани (приматели на социјална помош, лица со попреченост, Роми, самохрани родители, повозрасни граѓани и слично).

Социјалните права генерално се однесуваат на правата што ги имаат поединците за пристап до основните услуги и ресурси кои придонесуваат за нивна благосостојба и достоинство. Овие права можат да бидат инструменти за ублажување на сиромаштијата, преку обезбедување заштитна мрежа за оние на кои им е потребна. Програмите за социјална помош, бенефициите за невработеност и други форми на поддршка можат да им помогнат на поединците и на семејствата, во тешки времиња. Важноста на социјалните права лежи во нивниот потенцијал да го подобрат човековото достоинство, да промовираат еднаквост и да придонесат за целокупната благосостојба на поединците и на општеството.

Извештајот се однесува на мониторирани јавни расправи во 2023 година. Истиот содржи детални податоци за тоа кои основи биле мониторирани во извештајната година, кој тужен орган се појавува како најзастапен во мониторираните јавни расправи, како и детални податоци за тоа какви одлуки донел управниот суд по секој основ.

Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на албански јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука

project-img