news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Извештај за Универзалниот периодичен преглед на ОН

Универзалниот периодичен преглед (УПП) е процес при кој се прави оценка на состојбата со човековите права на сите 193 земји членки на ОН (на секои четири и пол години). УПП е процес управуван од државата, под покровителство на Советот за човекови права, кој дава можност секоја држава да се изјасни какви дејствија презела за да ги подобри состојбите со човековите права во нивните земји и да ги исполни своите обврски за човекови права.

Во таа насока, Институтот за човекови права подготви извештај во сенка (писмен поднесок) за четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед на Обединетите нации. Овој извештај ги содржи сите веродостојни информации за состојбата со човековите права во Република Северна Македонија и ги нагласува главните прашања од интерес за човековите права, најдобрите практики и препораките за нив врз база на анализите и состојбите детектирани од страна на Институтот.

Целосен извештај на англиски јазик ---> UPR Submission_IHR 2023.pdf