projects-bg

Тековни проекти

УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Донатор: Германска амбасада во Скопје

Времетраење: од 15.04.2023 до 31.12.2023


Општата цел на проектот е да се подобри севкупниот систем за уставна заштита на човековите права и слободи како и да се зголеми јавниот интерес и знаењето за работата на Уставниот суд.

Проектот има 2 специфични цели и тоа:

  • Да се зголеми знаењето и интересот на јавноста за уставните права и слободи и да се зголемат знаењата и вештините на правните професионалци, студентите и јавноста за расположливите механизми за заштита на човековите права и слободи пред Уставниот суд и
  • Да се подобри уставниот механизам за заштита на човековите права и слободи врз основа на споредбени регионални и континентални искуства и најдобри практики.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Подготовка на водич за поднесување иницијативи пред Уставниот суд;
  • Пишување на лесно разбирлив илустриран Устав за ученици;
  • Спроведување на истражување за конзистентноста на одлуките на Уставниот суд во однос на заштитата на човековите права;
  • Јавна дебата за поттикнување дискусија за спроведената анализа на правните предизвици и можности за подобрување на уставната жалба;
  • Подготовка на документ за јавни политики во однос на можноста за воведување на уставна жалба;
  • Подготовка на онлајн курс за студенти по право и правни професионалци за достапните механизми за заштита на човековите права пред Уставниот суд;
  • Организирање на онлајн средба со студенти од правните факултети со цел промоција на подготвениот онлајн курс;
  • Студиска посета на Уставен суд од регионот со цел размена на добри искуства и практики; и
  • Организирање на онлајн кампања за промоција на реализирани активности и постигнати резултати.
project-img
news-bg

Новости

post-img

Повик за ангажирање на експерти за истражување и изработка на длабинска анализа на одлуките на Уставниот суд 3/2023

Повеќе