news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Дебатата во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права“

На ден 11.12.2023 година, Институтот за човекови права одржа дебата за заштитата на човековите права и слободи пред Уставниот суд на РСМ. Дебатата имаше за цел да иницира дискусија во врска со проширување на опсегот за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот на РСМ.

Воведен говор на дебатата имаа г-а. Маргарита Цаца Николовска - претседателка на ИЧП и поранешен судија на ЕСЧП и Уставниот суд на Босна и Херцеговина, г-а. Добрила Кацарска - претседателка на Уставниот суд на РСМ и г. Florian Träger-Steintjes - First Secretary Political and Head of Press of the German Embassy. 

На дебатата беше презентирана 'Анализата на одлуките и решенијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија по поднесени барања за заштита на слободите и правата' која дава еден преглед на постапувањето на Уставниот суд, примената на Уставот и Деловникот во своето работење, примената на Европската конвенција за човекови права и практиката на Европскиот суд за човекови права во три-децениски период. Анализата беше подготвена и презентирана од г. Игор Спировски, поранешен судија на Уставниот суд на РСМ, и г- а Маргарита Цаца Николовска.

По презентацијата на оваа анализа, се обрати и претседателката на Уставниот суд на РСМ, г-а. Добрила Кацарска. Нејзиниот говор можете да го прочитате на овој линк: https://ustavensud.mk/?p=25241. 

Дискусија беше поткрепена и со германското искуство со примената на уставната тужба преку споделување на примери и добри практики од страна на г. Winfried Schubert, поранешен претседател на Уставниот суд на сојузната покраина Саксонија-Анхалт во Германија. 

Дополнително, беше презентиран и дел од документот за јавни политики за потребата од воведување на уставна тужба кој беше изготвен од г-а Ана Чупеска - вонреден професор по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и г. Александар Спасов - вонреден професор на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Документот дава компаративен преглед на примената на уставната тужба во европските и соседните држави и отвора дискусија дали таков механизам и е потребен и на нашата држава. Дискусијата и заклучоците од дебатата ќе бидат вметнати во овој документ и објавени на веб-страницата на Институтот за човекови права.


Дебатата е организирана во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права“ кој го спроведува Институтот за човекови права, со финансиска поддршка од Германската амбасада во Скопје.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img