news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Потреба за воведување уставна тужба во правниот поредок на Република Северна Македонија

Документот за јавни политики „Потреба за воведување уставна тужба/жалба во правниот поредок на Република Северна Македонија“ е анализа на правно-политичкиот контекст и потребата за воведување на правното средство ‘уставна тужба’ односно ‘жалба’ во правниот поредок на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид генералната заложба за зајакнување на улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како заштитник на човековите права и слободи. Во документов се презентира компаративна анализа на нормативната рамка за уставна тужба, односно жалба во правните поредоци на Република Словенија, Република Хрватска, Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и на Сојузна Република Германија. На крај, авторите презентираат препораки за јавни политики, поаѓајќи од најамбициозната цел за воведување сеопфатна уставна тужба/жалба во македонското законодавство. 

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Уставниот суд - заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје.

Целосниот документ на македонски јазик е достапен тука.

Целосниот документ на албански јазик е достапен тука.

project-img project-img