news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Повик за ангажирање на правник за следење на седниците на Уставниот суд на РСМ

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје има потреба од ангажирање на правник за следење на седниците на Уставниот суд на РСМ, кој ќе биде неопходен за успешно реализирање на програмските активности.

Проектната задача и повикот можете да ги најдете тука:

Апликациите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 24.04.2023 година.

Апликациите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk  најдоцна до 21.04.2023 година.