news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Водич за поднесување на иницијативи пред Уставниот суд на РСМ

Водичот за поднесување на иницијативи пред Уставниот суд на Република Северна Македонија има за цел да појасни како  можат да се поднесат иницијативи и воедно да даде одговор на прашањата кој може да поднесе инцијативата, што треба да содржина иницијативата, против кои акти може да се поднесе иницијативата и слично.

Овој водич има за цел да го зголеми пристапот до правда, бидејќи иако секој може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд, сепак големиот број на одбиени и отфрлени иницијативи укажува дека има потреба од поголема јасност и едукација во однос на целокупната постапка за поднесување на иницијативи. Дополнително, целта на ваквиот водич е да го намали бројот на одбиени и отфрлени иницијативи со цел да се подобри уставната заштита на човековите права и слободи.

ВОДИЧ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

UDHËZUES PËR PARAQITJEN E KËRKESAVE NË GJYKATËN KUSHTETUESE TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT

Водичот е изработен во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје.

project-img project-img