news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Студиска посета во Уставниот суд на Република Словенија

Претставници од Институтот за човекови права и Уставен суд на Република Северна Македонија остварија студиска посета во Република Словенија од 26ти до 29ти ноември 2023 година. Во рамките на посетата беа остварени средби со претседателот на Уставниот суд на Република Словенија Dr Matej Accetto, судијките Dr Špelca Mežnar и Dr Katja Šugman Stubbs, Генералниот секретар Dr Sebastian Nerad, како и раководителите на три одделенија на Уставниот суд на Република Словенија. Институтот за човекови права беше претставуван од претседателката на ИЧП - Маргарита Цаца Николовска, член на Управниот одбор на ИЧП - Игор Спировски, и два члена на Извршната канцеларија -  Весна Стефановска и Марија Чекреџи.

Целта на студиската посета беше размена на искуства и позитивни практики во постапување на Уставниот суд на Република Словенија со посебен осврт на примената на механизмот на заштита на слободите и правата во вид на уставна жалба (constitutional complaint). Во рамките на посетата, претседателката на Уставниот суд на РСМ, Добрила Кацарска сподели искуства од нашиот Уставен суд во однос на заштитата на основните слободи и права, додека пак портпаролот на Уставниот суд на РСМ, Христина Беловска размени искуства во делот на односи со јавност и соработка со медиуми и граѓански организации.

Во рамките на студиската посета беше остварена и средба со prof.dr Ciril Ribičič – директор на Inštitut za ustavno pravo, Ljubljana, prof. dr. Albin Igličar како и со други претставници од Институтот. На средбата се разменуваа искуства од двете држави во однос на заштитата на слободите и правата и особено словенечкото искуство со примената на уставната жалба.

----------------------

Оваа студиска посета беше организирана во рамките на проектот Уставниот суд – заштитник на човековите права, финансиски поддржан од страна на Германската амбасада во Скопје.

project-img project-img project-img