news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Повик за ангажирање на двајца експерти за изработка на онлајн курс за заштита на човековите права пред Уставниот суд 5/2023

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје, има потреба од ангажирање на двајца експерти за изработка на онлајн курс за заштита на човековите права пред Уставниот суд.

Проектната задача и поканата можете да ги најдете тука: 

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 29.07.2023 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 25.07.2023 година.