Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје, има потреба од ангажирање на двајца експерти за истражување и изработка на длабинска анализа на одлуките на Уставниот суд на РСМ.
Поканата и проектната задача можете да ги најдете тука:
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е до 31.05.2023 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 26.05.2023 година.