news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

ВИДЕО: Уставот на Република Северна Македонија и основните човекови права и слободи

Видеото има за цел на сликовит, визуелен и едноставен начин да го објасни Уставот на Република Северна Македонија како највисок правен акт во државата со кој законите и другите подзаконски акти мора да бидат во согласност.

Преку визуелизации доловени се граѓанските и политички, економските, социјалните и културните права и слободи кои се загарантира со Уставот. Целта е да се прикаже лесно читлив и илустриран Устав кој ќе им овозможи на учениците од основните училишта лесно да го разберат Уставот, правата и слободите кои тој ги штити и механизмите што ги овозможува за заштита на овие права.

Видеото е изработен во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје.