publications-bg

Публикации

publication-img

РОДОВО БАЗИРАНА АНАЛИЗА ЗА ОНЛАЈН - ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО (САЈБЕР БУЛИНГ)

Повеќе
publication-img

Онлајн врсничко насилство (сајбер булинг) во средни училишта во Северна Македонија

Извештај од анкетно истражување

Повеќе
publication-img
09.02.2024

The Sustainable Development Goals: How to Accelerate Their Achievement in North Macedonia and Leave No One Behind

Повеќе
publication-img

Извештај од следењето на работата на Судскиот совет

август - декември 2023 година

Повеќе
publication-img

СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

2023

Повеќе
publication-img

Годишен извештај за работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права

(период: јануари – декември 2023 година)

Повеќе
publication-img

ПОТРЕБА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ УСТАВНА ТУЖБА ВО ПРАВНИОТ ПОРЕДОК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Документ за јавни политики

Повеќе
publication-img

Анализа на одлуките и решенијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија по поднесени барања за заштита на слободите и правата

Повеќе
publication-img

ВОДИЧ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Повеќе
publication-img

Водич за примена на пристапот заснован на човекови права во медиумската работа

Повеќе
publication-img

ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

јануари - јули 2023 година

Повеќе
publication-img

ПРИРАЧНИК ЗА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА УПРАВНИТЕ ПОСТАПКИ

- Стандарди на Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права за управните постапки -

Повеќе
publication-img
27.07.2023

Извештај од следење на Управниот суд на Република Северна Македонија

јануари – јуни 2023 година

Повеќе
publication-img

АКТУЕЛНА СОСТОЈБА, СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И РАНЛИВОСТ НА ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЗАПАДНИОТ РЕГИОН НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Повеќе
publication-img

СТАТУСОТ НА ВОНБРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА И ПРАВАТА НА ВОНБРАЧНИТЕ ПАРТНЕРИ

Повеќе
publication-img

ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

јули - декември 2022 година

Повеќе
publication-img

Извештај за пристап до правда

2022 година

Повеќе
publication-img

ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

декември 2022

Повеќе
publication-img

Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022)

Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (Стратегијата) започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт-групата редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во изминатите години и годинава, а и активно подготвуваше анализи, извештаи и други документи со кои ѝ ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи граѓаните поблиску до процесот на реформа на правосудниот сектор. Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата (Анализата) има цел да даде сеопфатна и независна оцена на овој процес и да понуди препораки врз основа на наодите, кои би можеле да се вметнат во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

Повеќе
publication-img

Пристап до правда во Северна Македонија: Извештај од анкетно истражување

октомври 2022

Повеќе
publication-img

ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ И ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА ОД ВОНБРАЧНА, НАСПРОТИ БРАЧНА ЗАЕДНИЦА

Повеќе
publication-img

ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

јануари - јуни 2022 година

Повеќе
publication-img

ТРИМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕ НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

(мај – јули 2022 година)

Повеќе
publication-img

Анализа на националните документи релевантни во борбата против корупцијата

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА „ПЛАН ЗА ПОЛИТИКИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ“

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на „Планот за политики за добро владеење“, во период од април до јуни 2022 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на документот и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе
publication-img

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ: ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО (БУЛИНГ), ДИСКРИМИНАЦИЈА И ГОВОР НА ОМРАЗА МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈA бр. 3

период: јануари – март 2022 година

Повеќе
publication-img

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

јануари – март 2022 година

Повеќе
publication-img

Анализа од спроведена анкета помеѓу учениците и наставниците од средните училишта во град Скопје на тема дискриминација, булинг и говор на омраза

Повеќе
publication-img

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ: ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ОДГОВОРОТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД KОВИД-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Повеќе
publication-img

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕСТРИКЦИИТЕ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОВИД-19 КРИЗАТА

Вториов мониторинг извештај е изготвен со прибирање информации, и тоа: 1) Следење на активностите на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и други релеватни институции преку секојдневен преглед на нивните веб страници, следење на прес-конференции поврзани со Ковид-19, изјави и објави; 2) Поднесување барања за слободен пристап до информации од јавен карактер; 3) Следење информации објавени во медиумите кои се релевантни и кои се однесуваат на рестрикциите при справување со здравствената криза. 4) Кратка анализа на добиените одговори од спроведеното истражување – Образованието за време на пандемија и 5) Анализа на Стратегијата за здравство на Република Северна Македонија за периодот 2021-2030 година и потребата од дополнителни анализи за мерките и поттикнување на вакцинација. Вториов мониторинг извештај за примена на пристапот заснован на човековите права и рестрикциите што произлегуваат од Ковид-19 кризата во фокус ќе ги имаат правото на здравје и здравствена заштита и правото на образование. Слободата на движење не е опфатена во овој извештај затоа што во наведениов период не се определени мерки кои ја ограничуваат слободата на движење.

Повеќе
publication-img

ПРВ МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

март – декември 2021 година

Повеќе
publication-img

Резултати од истражување-влијанието на социјалните и мас медиумите во креирањето на јавното мислење

Анализа за влијанието на социјалните и на мас-медиумите во креирањето на јавното мислење и последиците од него изразени преку градење на стереотипи, дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КСЗД БР.2

период: октомври – декември 2021 година

Повеќе
publication-img

Образованието во време на пандемија - резултати од истражување

Образованието е неизбежен дел од животниот циклус на секоја индивидуа, па поради тоа неговиот квалитет има огромно влијание врз нејзиниот континуиран развој.

Правото на образование, односно образовниот процес претрпе огромни промени како резултат на пандемијата, а последиците од нејзиното влијание  допрва ќе ги дознаеме. Целосната трансформација која настана како резултат на пандемијата, несомнено суштински влијаеше на  спроведување на образовниот процес, во однос на  неговото реализирање од страна на наставниците, но и од аспект на проактивност на учениците и нивна заинтересираност во следење на наставата на далечина.

Ова истражување има за цел да ги разгледа перспективите на двете најзасегнати страни во образовниот процес односно, на учениците и наставниците во учебната 2020/2021 година. За таа цел беа подготвени два прашалника, односно еден прашалник за наставници и еден за ученици кои се однесуваа на учебната 2020/2021 година.

Повеќе
publication-img

МЕТОДИ И ПРИСТАПИ ЗА РАЗРАБОТКА НА КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО НАСТАВАТА ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈA бр.1

период: јули – септември 2021 година

Повеќе
publication-img

ПРВ МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕСТРИКЦИИТЕ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОВИД-19 КРИЗАТА

Институтот за човекови права, во април 2021 година, започна со имплементација на проектот „Примена на пристапот заснован на човекови права за време на КОВИД-19 кризата”, со поддршка од Balkan Trust for Democracy, проект финансиран од German Marshall Fund на САД и УСАИД. Цел на овој проект е примена на Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) за време на КОВИД-19 кризата, со цел подобро да се анализираат и адресираат рестрикциите на човековите права кои се очекувани за време на пандемија. Примената на ПЗЧП при реализирање на здравствените политики треба да придонесе кон заштита на основните човекови права поврзани со здравствената криза, како што се: право на здравје и здравствена заштита, слобода на движење, право на образование, право на пристап до информации, забрана за дискриминација и слично. 


Повеќе
publication-img

Длабинска Анализа: Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи

Повеќе
publication-img

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА УСТАВНИОТ СУД БР.3

Повеќе
publication-img

Документ за политики за транспаретноста, отчетноста и ефективноста на судството со фокус на работата на судовите и судската администрација

Документов за политики е поделен на три дела, од кои првиот дел ќе ја претстави релевантната меѓународна рамка во овие области, при што од примарно значење се регионалните, европски стандарди изградени низ механизмите на Советот на Европа. Овие механизми играат мошне значајна улога во обезбедувањето на владеењето на правото, како еден од трите клучни столба врз кои почива системот на Советот на Европа, заедно со демократијата и човековите права. Повеќето од нив, пред сè, се однесуваат на работата на судиите, но во еден дел ја засегаат и судската администрација.

Повеќе
publication-img

Извештај за работата на Уставниот Суд бр.2

Повеќе
publication-img

Заеднички протокол за унифицирано спроведување и работење во секторот ,,Правда“

Еден од сегментите во македонското општество кои подолг временски период наназад се предмет на следење, анализа и бројни реформи, претставува правосудниот систем. Ова особено од аспект на обезбедување поефикасно остварување, промовирање и заштита на човековите права и слободи.  Статусот на судските службеници беше регулиран со општите прописи за работни односи се до 2000-та година, кога во сила стапи Законот за државните службеници. Судската служба, како посебен вид административна служба, за прв пат е регулирана во правниот систем во Република Северна Македонија со Законот за судска служба, кој ги утврди статусот, правата, должностите и одговорностите на судските службеници и го постави системот на плати и надоместоци на плати. Вака поставениот модел на почитување на спецификите на работата во судската служба доведе до позитивни резултати и доби позитивна оценка од судската администрација. Прашањата што се однесуваат на статусот на вработените во јавниот сектор и на административните службеници беа уредени со два општи закони - Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Веднаш по донесувањето на новите закони, кои го регулираат статусот на вработените во јавниот сектор и административните службеници, се пристапи кон усогласување на повеќе од 30 материјални закони, во однос на статусот на вработените во институциите на јавниот сектор.

Во рамките на овој процес на усогласување на посебните закони со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, во 2014-та година, беше донесен нов Закон за судска служба, кој во себе ги содржи истите законски решенија од законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници. 

Повеќе
publication-img

Анализа на Националната и компаративна правна рамка релевантна за спречување на корупцијата

Постоењето на корупцијата во системот на една држава укажува на неефикасност на законската регулатива, неконзистеност во функционирањето на државните институции, како и на многу други фактори кои се од значење не само за детектирање на коруптивните практики, туку и за препознавање и спречување на корупцијата како глобален феномен.

Анализава првенствено ќе се осврне на елаборирање на Националната правна рамка релевантна за спречување на  корупцијата. Во таа насока потребно е да се истакне дека антикорупциската материја е регулирана во повеќе закони. Така, Кривичниот законик ги уредува кривично-правните аспекти од извршените дела во кои постојат коруптивни елементи, како што се: неовластено примање и давање подароци, примање и давање поткуп, злоупотреба на службена положба за прибавување корист, како и примање и давање награда за противзаконито влијание. Законот за јавни набавки го уредува начинот и постапките за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Државната комисија за  жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за јавни набавки, како и правната заштита во постапките за доделување концесии и договори за јавно приватно партнерство и слично.

Повеќе
publication-img

Извештај за работата на Уставниот Суд бр.1

Ако се имаат предвид сите околности во кои работи Уставниот суд, во однос на должината на постапките од поднесување на иницијативите, барањата, предлозите, до окончувањето на истите за предмети за кои се донесени конечни акти од Судот во периодов на известување, а сметано од денот кога биле поднесени, сметаме дека периодот од 9 месеци просечно траење на постапките, преставува генерално разумен рок на постапување, односно дека постои генерална ефикасност на Судот во работењето. Секако, анализирајќи ги поединечно случаите, може да се увиди дека најдолгото работење по предмет траело дури 40 месеци, додека пак најкраткиот рок во кој е одлучен предмет изнесува 2 месеци. Долгото траење на одредени постапки е индиција за недоволна ефикасност на Судот во работењето, кога одлучува по нив.

 Причините за бавноста при одлучувањето во тие предмети ќе бидат изложени во Длабинската анализа. Инаку, бројката од вкупно 74 предмети во работа, за период од октомври 2020 до јануари 2021 година, не укажува на постоење преоптовареност на Судот со работа.

Повеќе
publication-img

Петти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ

Повеќе
publication-img

СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Извештај на Институтот за човекови права

Повеќе
publication-img

Прирачник за наставници за примена на родова сензитивност во основно образовние

Повеќе
publication-img

ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Правна регулатива, предизвици и перцепција за дискриминаторските основи

Дискриминацијата како појава има негативен ефект во општеството и доведува до создавање предрасуди и негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, каде на различноста повеќе се гледа како на проблем, отколку како на придобивка. Севкупната цел во борбата против дискриминацијата е да се овозможи рамноправен и фер пристап до можностите што ги нуди едно општество. Оваа анализа има за цел да ја прикаже состојбата со дискриминацијата во Република Северна Македонија преку ретроспектива на нејзината уставна и законска уреденост до проблемите околу укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и донесувањето на новиот закон во октомври 2020 година. Периодот во кој не постоеше законска регулираност на дискриминацијата, во смисла на закон lex specialis, беше добар повод да се даде можност за директна примена на Европската конвенција за човекови права и воспоставените стандарди на Европскиот суд за човекови права во утврдување на дискриминација, согласно со член 14 и член 1 од Протоколот 12 кон Конвенцијата. Сепак, околностите покажуваат дека граѓаните не се доволно мотивирани да иницираат судски постапки за докажување дејствија на дискриминација или се плашат од реперкусии доколку јавно признаат дека биле дискриминирани по кој било основ.

Повеќе
publication-img
01.12.2020

ПРАВАТА НА ПРИТВОРЕНИ И ОСУДЕНИ ЛИЦА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД 19

Ковид 19 го попречи нормалното функционирање на државите во светот, поголемиот број земји со цел заштита на населението беа принудени да преземат многу строги рестриктивни мерки со кои се ограничија многу човекови права, па така и правата на лицата кои се на извршување на казна затвор или пак кои се притвор. Голем број држави беа исправени пред предизвикот за прв пат во нивните истории да воведат кризна или вонредна состојба, заедно со полициски час, да го ограничат движењето на луѓето и ги затворат границите, а дел од државите кои се членки на Советот на Европа, побараа дури и суспендирање на одредени членови од Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Како производ на горенаведените преземени мерки, во голем дел од државите извршната власт во себе ја сосредочи и законодавната власт (каде тоа уставите го дозволуваат), со тоа дефакто се наруши принципот на „кочници и рамнотежа“ односно поделба на власта. Немајќи претходно искуство при воведување на рестриктивни мерки за заштита од пандемии (пред се ограничување на движењето и контактите на луѓето), многу држави ризикуваат да ги загрозат принципот на пропорционалностна мерките кои треба да бидат „предвидени со закон, неопходни и пропорционални на целта што сака да се постигне“, па можеби најдобар начин за да не се случи тоа е да се следат препораките на меѓународни институции и тела кои се бават со здравствена заштита и човекови права. Оттаму потребата од компаративна анализа на преземените/непреземените мерките за заштита од КОВИД 19 во затворите и препораките од меѓународни надлежни институции.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА ЗА ПРИСУСТВО НА РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ ВО НАСТАВНИ МА ТЕРИЈАЛИ НА АЛБАНСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК СО ПРЕПОРАКИ ЗА НОСИТЕЛИ НА ОДЛУКИ

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА ЗА ПРИСУСТВО НА РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ ВО НАСТАВНИ МА ТЕРИЈАЛИ НА МАКЕДОНСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК ПРЕПОРАКИ ЗА НОСИТЕЛИ НА ОДЛУКИ

Повеќе
publication-img

Анализа на донесените уредби со законска сила за време на вонредната состојба во 2020

Во период на светска пандемија без преседан, на државите им се наметна нужноста од преземање на најстроги мерки со цел да ја ограничат опасноста од зараза и понатамошното ширење на вирусот КОВИД-19. Соочени со опасноста за сериозно загрозување на јавното здравје, со можност за повторно појавување на опасноста, државите во светот беа принудени да преземат мерки со кои се ограничија одредени човекови права. Дилемите кои се јавуваат од оваа состојба, пред сѐ, се однесуваат на заштита на човековите права и овозможување на нивно остварување во насока на почитување на мерките кои ги наметна вонредната состојба, но и во склад со уставната поставеност и националниот контекст во секоја држава. Сепак, и покрај стремежот и напорите човековите права и слободи и понатаму да бидат заштитени, гарантирани и остварени, ескалирањето на ситуацијата која се наметнува како во национални така и во светски размери им наложи на државите ново привремено уредување на општествените односи кое е ограничувачко кон определен корпус на права и слободи.

По прогласената вонредна состојба во Република Северна Македонија на 18 март 2020 година, Владата се стекна со овластување да донесува уредби со законска сила сè до завршувањето на вонредната состојба на 23 јуни годинава. Уредбите кои беа донесени во овој период уредуваат широк спектар на прашања од значење за управување со кризата. Тие, пред сè, се однесуваат на постапување на органите на државата за управување и справување со кризата, овозможување здравствена заштита и функционирање на здравствениот систем, зголемување на јавните приходи, поддршка на економските субјекти, како и социјална заштита и поддршка на невработени лица, обезбедување јавни услуги во состојба на пандемија и продолжување на рокови или други дејствија за време на вонредната состојба кои поради пандемијата не можат или не е целисходно да се применат.

Со цел да овозможи систематизиран увид во законитоста и пропорционалноста на уредбите донесени за време на вонредната состојба поврзана со пандемијата од коронавирусот КОВИД-19, како и да се истражи неопходноста за нивното усвојување и спроведување во пракса, Блупринт групата за реформи во правосудството ја изработи оваа Анализа на правни акти донесени за време на вонредната состојба во март-јуни 2020 година. Подготовката на оваа анализа е дел од проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“, поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија.

Повеќе
publication-img

Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација

резултати од истражување

Повеќе
publication-img

ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Пристапот заснован на човековите права во методолошка смисла е рамка чија цел е вклучување на човековите права во сите развојни програми, проекти и активности. Овој пристап го става акцентот врз остварувањето на правата, наместо врз задоволувањето на потребите на најранливите групи во општеството. 

Методологијава за примена на Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) е првенствено наменета за граѓанските организации. Примената на ПЗЧП не треба да вклучува целосно нов начин на работа, туку да се заснова на систематско и инклузивно планирање и имплементација на проектите и програмите, вклучувајќи ја секогаш заштитата на човековите права во сите аспекти од работењето.

Повеќе
publication-img

ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ - Методологија

Почитувањето на човековите права е одговорност на секој сопственик/-ка и раководител/-ка на компанија. Денес, речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнери од странство, вклучително и од земји познати по ниското ниво на почитување на човековите права, нудат бројни производи и услуги, коишто, покрај позитивните придобивки, можат да бидат и злоупотребени за нарушување на човековите права. На пример, транспортната индустрија и туризмот многу често се злоупотребени за трговија со луѓе. Телекомуникациските услуги, покрај тоа што ги поврзуваат луѓето, честопати се користат за нарушување на правата на приватност и слобода на движење. Поради тоа, идентификувањето на клучните ризици во однос на човековите права, вградувањето и спроведувањето политики и мерките коишто ќе осигураат дека компанијата ги почитува човековите права, меѓународно стануваат редовен приод во водењето бизнис.

Овaa методологија озозможува усогласена примена на пристапот заснован на човекови права и Водечките принципи за бизнис и човекови права. Таа е наменета, како за бизнисите кои ја применуваат, така и за граѓанските организации и институциите кои можат да вршат мониторинг и поддршка на нејзината примена. 

Повеќе
publication-img

Примена на пристапот заснован на човекови права во политиките и програмските процеси на институциите - Методологија

Развиената методологија и индикаторите наведени подолу се наменети за користење од вработени во различни организации на власта вклучени во која било од подолу опишаните фази, независно од нивото на кое се наоѓаат во организациската структура. Сепак, имплементацијата на ПЗЧП е сложена и тимска операција, која вклучува многу претставници на власта, односно на властите, како и на останати државни и недржавни чинители. Иако има значајни преклопувања помеѓу имплементацијата на ПЗЧП во политиките и во програмирањето, од една, и давањето услуги, од друга страна, публикацијава е наменета исклучиво за првото. Методолошкиот пристап за имплементација на ПЗЧП во давање услуги треба дополнително да се развие, имајќи ги предвид бројните специфичности на остварувањето на човековите права при овозможување јавни услуги. Од аспект на овозможување јавни услуги, во линија со ПЗЧП, публикацијава може единствено да се користи како референтна точка.

Повеќе
publication-img
publication-img

Прирачник за основање и развој на микропретпријатија на жени

Со цел да се задоволат практичните потреби на постојните жени претприемачи и да се поттикнат други жени во деловно работење, овој Прирачник обезбедува квалитетни правни совети за најчесто поставувани прашања поврзани со права и обврски при воспоставување и водење на деловна активност, даноци, инспекции и контроли, работни односи и пензиско и здравствено осигурување, финансиска поддршка, јавни набавки и корупција.

Прирачникот е достапен на македонски и на албански.

Повеќе
publication-img
11.09.2020

Заслепена правда: До заробена држава во Северна Македонија - судство, јавно обвинителство и полиција

Демократијата во Северна Македонија беше под сериозен удар речиси цела деценија, а одликите на заробената држава и денес остануваат видливи во судството, јавното обвинителство и во полицијата. Неопходна е деконструкција на „заробената држава“ за да можат да се разберат постојните институционални слабости, но и за да се развијат стратегии за рано детектирање, превенција и соодветно санкционирање на ваквите злоупотреби.

Публикацијата „Заслепена правда: до заробена држава во Северна Македонија – судство, јавно обвинителство и полиција„ преку практични примери и случаи од реалниот живот ги прикажува конкретните манифестации на ваквата заробеност и последиците од неа. Истражувањето презентирано во оваа публикација идентификува неколку начини на кои се вршело политичко влијание врз правосудниот систем во услови на заробена држава и како постојните системски слабости во областа на владеењето на правото биле искористени за интересите на владејачката партија.

Целосниот текст на публикацијата „Заслепена правда: до заробена држава во Северна Македонија – судство, јавно обвинителство и полиција„ можете да го најдете тука: https://fosm.mk/wp-content/uploads/2020/07/zaslepena-pravda-za-web.pdf

Истражувањето презентирано во оваа публикација е поддржано од Институтот за европски политики при Отвореното општество, Европскиот институт при Отвореното општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија, а го спроведе Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) Македонија, заедно со Коалицијата „Сите за правично судење“, Институтот за човекови права, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе
publication-img

Четврти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ

Во рамки на третата година од имплементацијата на овој проект, ИЧП и понатаму врши континуиран мониторинг на работата на Државното правобранителство на РСМ (ДПРСМ) преку следење на судските и управните постапки во кои Државното правобранителство се јавува како странка во постапката, односно како овластен застапник по закон на државните органи. Согласно со законската регулатива, Државното правобранителство е орган кој ги штити имотните права и интереси на државата. 

Имајќи ги предвид претходните мониторинг извештаи и фактот дека работата на Државното правобранителство и понатаму не е медиумски експонирана, како и дека не се преземени неопходни мерки и активности за зајакнување, унапредување и воспоставување на институционални капацитети соодветни на улогата на ДПРСМ, што беше констатирано и во ревизорскиот извештај, изготвен од Државниот завод за ревизија,2 заложбата на ИЧП, преку следење на работата на ДПРСМ, има за цел да ја доближи оваа институција до граѓаните, но и да ги детектира слабостите во работењето, кои потоа ќе претставуваат основа за изготвување длабинска анализа со предлог-мерки за подобрување  на работата на ДПРСМ.

Предмет на анализа на Четвртиот мониторинг извештај се судските постапки во кои ДПРСМ ги штити имотните права на Републиката и/или на државните органи, но и на дадените мислења (позитивни или негативни) во постапки за отуѓување на градежно изградено/неизградено земјиште, отуѓување на недвижности кои се сопственост на државата, размена на земјоделско земјиште и продолжување на договори за закуп.


Повеќе
publication-img
publication-img

EФИКАСНА КРИВИЧНА ПРАВДА: ПРЕГЛЕД НА ПРЕДМЕТИТЕ ИНИЦИРАНИ ОД СЈО

Длабоката политичка криза што настана во Република Северна Македонија, проследена со континуирана дисфункционалност на редовното Јавно обвинителство, но и наметнатите политички влијанија врз него беа главна причина во 2015 година да биде формирано посебно ад хок тело кое ќе има улога да ја санира дотогашната „штета“ од повеќегодишната, општоприфатена политика и практика на неказнивост, а особено на високите политички елити и функционери во државата. По случувања во Специјалното јавно обвинителство во август 2019 година, кои кулминираа со апсење на Специјалниот јавен обвинител и покренување обвинение за извршени две кривични дела – примање награда за противзаконито влијание и злоупотреба на службена положба и овластување, СЈО де факто престана да постои, а надлежностите беа „префрлени“ на редовното Јавно обвинителство. Тргнувајќи од релевантноста на проблемот, кој е централно прашање на оваа анализа – ефикасноста на кривичната правда, се поставува прашањето за капацитетите на судот за водење на овие постапки, односно што е тоа што остава впечаток за јавноста, стручна и лаичка, дека правдата не е задоволена.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА КВАЛИТЕТОТ НА РЕФОРМИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ИЗБОР, ИЗБОР ВО ПОВИСОК СУД И РАЗРЕШУВАЊЕ НА СУДИИТЕ

Судиите како носители на судската власт се чувари на човековите права и слободи и тие се највисоки гаранти за заштитата на владеењето на правото. Тие се имплементатори на законодавството, правораздаватели и креатори на судската практика и како такви се должни да ја чуваат определбата на државата и правосудството за заштита на демократијата заснована на владеење на правото и унапредување на системот на заштита на човековите права.

Во извршувањето на судиската функција неопходно е да се обезбедат такви услови кои ќе гарантираат суштинска независност на судовите како институции на судската власт, но и индивидуална независност, непристрасност, квалитет, професионалност и ефикасност на судиите при одлучувањето во конкретните предмети.

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ-ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РСМ БР. 6

Mониторинг - извештајот за работата на Судскиот совет, за периодот од 15 декември 2019, до 15 март 2020 година, е изработен во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“1 , и негова интенција е мерење на транпарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет. Институтот за човекови права има за цел полесно и посеопфатно да ги оцени транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работењето на Судскиот совет преку присуство на јавни седници, следење на веб-страницата на Судскиот совет и слободен пристап до информации од јавен карактер

Повеќе
publication-img

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИСКУСТВАТА И ЗНАЕЊАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ

Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во 2019 година[1] (во натамошниот текст ЗСЗД и Законот) се создадоа нормативни претпоставки за суштинско унапредување на системот и на институционалните механизми со кои се гарантира еднаквоста и се обезбедува спречување и заштита од дискриминација. Имплементацијата на Законот во голема мера е условена од формирањето и од функционирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (во натамошниот текст Комисијата и КСЗД), како посебно тело за промовирање на еднаквоста и недискриминацијата во општеството и обезбедување заштита на лицата кои претрпеле дискриминација

Повеќе
publication-img

ТРЕТ МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

Предмет на анализа на Третиот мониторинг извештај е постапувањето на Државното правобранителство во однос на заштитата на имотните права и интереси на РСМ, при што акцент е ставен на судските постапки во кои ДПРСМ ги штити имотните права на Републиката и/или на државните органи. Понатаму, предмет на анализа беа и постапките за отуѓување градежно замјиште во кои овој орган дава мислење (позитивно/негативно), како и во постапките за денационализација и експропријација.

Повеќе
publication-img

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО И НИВНО ВЛИЈАНИЕ ВО СУДСТВОТО

Во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ со цел структуриран и сеопфатен мониторинг на Советодавната работна група за процена на судските перформанси од аспект на законските измени, се разви Методологија за следење на промените во законодавството и нивното влијание во судството. 

Индикаторите на оваа методологија ги нагласуваат последните и тековните промени во законите и нивното влијание врз судските остварувања, со цел да се развијат препораки како дел од политиките. 

Методологијата е електронски објавена на македонски и албански јазик и е достапна на сите други чинители кои би сакале да го следат влијанието на законските промени врз судските перформанси. 

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ БР. 5 (1 СЕПТЕМВРИ - 15 ДЕКЕМВРИ 2019 Г.)

Mониторинг - извештајот за работата на Судскиот совет, за периодот септември-декември 2019 година, е изработен во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“1 , и негова интенција е мерење на транпарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет. Институтот за човекови права има за цел полесно и посеопфатно да ги оцени транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работењето на Судскиот совет преку присуство на јавни седници, следење на веб-страницата на Судскиот совет и слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе
publication-img
publication-img

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВ НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Документов за јавни политики за заштита од дискриминација, врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, има за цел да даде приказ на главните области и облици на дискриминација во Република Северна Македонија, преку претставување резултати од истражувања, анализа на документи и интервјуа. Бидејќи главно тело за еднаквост е Комисијата за заштита од дискриминација, која се очекува да отпочне со работа во блиска иднина, главниот осврт на овој документ е кон Комисијата, преку следење на нејзините нови надлежности и давање препораки кои мерки треба да ги преземе. Исто така, Документов содржи препораки и до органите на управата, единиците на локалната самоуправа, Народниот правобранител и невладините организации.

Повеќе
publication-img

НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПРЕДНОСТИ ЗА НЕГОВАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Дискриминацијата, како појава, има негативен ефект во општеството и таа доведува до предрасуди и создавање негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, што предизвикува штетни ефекти во меѓучовечките односи. Од таа причина забраната за дискриминација, како мерка за еднаквост и достоинство, е темел за овозможување права и слободи на сите лица, за кои се залага секоја демократска држава. Оттука, недвосмислено може да се истакне дека еднаквоста, како противтежа на дискриминацијата, а со тоа и принципот на недискриминација, заземаат централно место во универзалната примена на основните човекови права и слободи.

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ БР. 4 (МАЈ - АВГУСТ 2019 Г.)

Mониторинг - извештајот за работата на Судскиот совет, во период од мај до август 2019 година е изработен во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“1 , за мерење на транпарентноста, отчетноста и еф

Повеќе
publication-img

ИЗМЕНЕТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ

Мерење на ефективноста, транспарентноста и отчетноста на Судскиот совет преку оптимален мерен инструментариум на законските, административните и организационите сегменти во функционирањето на Судскиот совет на Институтот за човекови права има за цел полесно и посеопфатно да ги оцени транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работењето на ССРСМ, да ги оцени можните промени, како и да ги утврди внатрешните и надворешните објективни и/или субјективни пречки и фактори коишто влијаат на нецелосно остварување на овие принципи.

Повеќе
publication-img

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА - ПЕРЦЕПЦИЈА, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОТРЕБИ

Повеќе
publication-img
05.12.2019

ОЦЕНКА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И НИВОТО НА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО ОСНОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Во рамките на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет беа спроведени две истражувања преку кои се оцени јавното мислење и перцепција на граѓаните на Република Северна Македонија за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Резултатите од ова истражување и компаративната анализа можете да ги прочитате во извештајот.

Повеќе
publication-img

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

Проектот „Заедно во борба против корупција” го спроведуваат СКУП, како носител, и Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, како партнери, со цел подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на улогата на “watchdogs“или контролор на работата на државните органи, со цел законито и транспарентно извршување на функцијата и спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност. Проектот се наоѓа во втора година од имплементација. ИЧП врши мониторинг на работата на Државното правобранителство на РСМ (ДПРСМ) преку следење на судските и управните постапки во кои Државното правобранителство се јавува како странка во постапката.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА ЗАКОНСКИОТ МАНДАТ НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И ПРЕДУСЛОВИТЕ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ

Во пресрет на изборот на нова Комисија за спречување и заштита од Диксриминација (КСЗД), се подготви Анализа на законскиот мандат и предусловите за транспарентност,  отчетност и ефективност на Комисијата. Подготвената анализа ќе претставува основа за подготовка на Методолошка рамка за следење на транспаретноста, отчетноста и ефективноста во нејзиното работење.

Истата е подготвена во рамките на проектот за Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија, кој е во соработка на Институтот за човекови права со ЕСЕ Македонија.

Повеќе
publication-img
04.11.2019

АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР (2017-2022) ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2018/2019 ГОДИНА

Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите страни и граѓанскиот сектор, оценувањето на квалитетот на предложените закони и политики и влијаење на процесот на реформи во правосудството преку изработка и доставување препораки засновани на докази за предложените закони и политики и унапредување на јавната дебата. 

Од овој мониторинг произлезе и Анализата на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2019/2019. 

Повеќе
publication-img

ИСПИТУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ОДНОС НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

извештај од спроведена телефонска анкета

Повеќе
publication-img

ОЦЕНКА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И НИВОТО НА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО ОСНОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Овој документ ги презентира резултатите од истражувањето на ставовите, перцепциите и постоењето на дискриминација кон лицата со различна сексуална и родова ориентација од општествено прифатливата. Истражувањето е реализирано за потребите на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, кој го реализира Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од Германската амбасада во Скопје.

Повеќе
publication-img
07.10.2019

PRIRAĆNIKO BAŠI ISTELMALKJERIPE O AIPE FUNDAKJERDO E MANUŠENGERE NIJAMIJA

Realizimi i mbrojtjes së dinjitetit njerëzor i të gjithë qenieve njerëzore qëndron në thelbin e konceptit të të drejtave të njeriut, duke vënë individin në qendrën e vëmendjes. Kuptimi i parimeve dhe procedurave të të drejtave të njeriut ua mundëson njerëzve të marrin pjesë në vendimet shoqërore, të cilat ndikojnë në jetët e tyre për të vepruar në drejtim të zgjidhjes së konflikteve, përmirësimit të standardeve jetësore dhe mundësimit të një ambienti të prosperitetit.

Komunitetet, qeveritë dhe bashkësia ndërkombëtare duhet të përballen me sfidën për luftimin e parimeve bazë të shkeljes së të drejtave të njeriut, që çojnë drejt diskriminimit, margjinalizimit, përjashtimit social dhe qasjes dhe shpërndarjes jo të drejtë të përfitimeve nga mallrat dhe shërbimet publike. Këtu, qasja e bazuar në të drejtat e njeriut në kuptimin e zhvillimit, po bëhet relevante...

Повеќе
publication-img
07.10.2019

ПРИРАЧНИК ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Остварувањето на заштитата на човековото достоинство на сите човечки суштества е во сржта на концептот на човековите права, ставајќи го поединецот во центарот на вниманието. Разбирањето на принципите и постапките за човековите права им овозможува на луѓето да учествуваат во општествените одлуки кои влијаат на нивниот живот и да дејствуваат во насока на решавање на конфликти, подобрување на животните стандарди и овозможување средина за просперитет.

Заедниците, владите и меѓународната заедница треба да се соочат со предизвикот за борба против основните причини за кршењето на човековите права, што доведуваат до дискриминација, маргинализација, социјална исклученост и неправеден пристап и распределба на придобивките од јавните добра и услуги. Тука пристапот, заснован на човековите права, во развојот станува релевантен..

Повеќе
publication-img

ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ВО ОДНОС НА ПОСТАВЕНОСТА И РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Судскиот совет на РМ1, во рамки на својата надлежност за обезбедување независност на судството, треба да иницира и да води процес на активности со цел да се промовира независно, одговорно и висококвалитетно судство, со што ќе овозможи непристрасно, ефективно и ефикасно остварување на правдата.
За исполнување на оваа цел потребно е да се третираат два аспекта:
Прво: Надворешен аспект, во однос на воспоставена правна регулатива за непречено извршување на надлежностите на Судскиот совет и овозможување независност на судската од законодавната и извршната власт и од други надворешни влијанија, како и јакнење на улогата на судството во рамки на државата, и
Второ: Внатрешен аспект, во смисла на внатрешно функционирање на постоечките капацитети на Судскиот
совет

Повеќе
publication-img

ПРАВЕН РЕЧНИК - ПОИМНИК ЗА НОВИНАРИ

Правниот речник/поимник е изработен во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата”,
имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, а во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество
и медиуми 2016 – 2017.

Правниот речник/поимник пред сѐ е наменет за новинарите, уредниците и медиумските работници кои учествуваат во создавањето на новинарски содржини и истражувачки стории чија цел е намалување на коруптивните дејствија.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИТНИТЕ РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО

Aнализата на спроведувањето на Итните Реформски Приоритети во македонското правосудство е изработена од Институтот за човекови права (ИЧП), како носител, и партнерските организации: Институтот за европска политика (ЕПИ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и кој се спроведува од 1 јули 2017 години до 30 јуни 2018 година.

Повеќе
publication-img

ПРВ КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГ НА ДКСК

Транспарентност Македонија“ (понатаму во текстот само ТМ), во соработка со „Институтот за човекови права“, го спроведува проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата“. Проектот се реализира во периодот од јуни 2019 - март 2020 година и е поддржан од Амбасада на Велика Британија во Република Северна Македонија. Првиот квартален извештај се однесува на работата на Државна комисија за спречување на корупција, за периодот јуни - август 2019 година и произлегува од претходно подговена и одобрена, нова методологија и индикатори за следење на работата на ДКСК. Целта на оваа методологија е да се направи сеопфатен пристап меѓу законските надлежности на институцијата, следење на работата и постигнувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК, или понатаму во текстот само Комисијата), со оценка за ефективноста и транспарентноста, од каде што ќе произлезат предлог -препораки за унапредување на состојбите.

Повеќе
publication-img
28.08.2019

PROBLEMIJA SAVE SOOCINENAPES O SIKLE ROMA KI LENGIRI REINTEGRACIJA BAASI SIKLOIBASKORO PROCESO,BASI OLENGORO IRANIPE TARO RAJTORIGAKERE-EVROPIKANE PHUVJA

Palo vizno liberalizacija, e phuvjakere džene ki EU soocingepe bare numero rodipaja baso azil tari rig themno ko phuvja e Rajtorigakere Balkanikane, maskar kola gadzikane themne. Kana o problemo bilacipasa basi vizakiri liberalizacija arakla pes ko jekto drom, rastra nieti kerga te cacarol pe lea. Dzi akana o fokuso sine anglal sa respresivna napia, save sine but zorale lineakjere kontrole japalem krisomo brkibe basi okola kola tromalkerena naregularno migriribe. Ama but hari tano kerdo basi reintegracija basi irutnemanusa.

Повеќе
publication-img
28.08.2019

ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ УЧЕНИЦИТЕ РОМИ ПРИ НИВНАТА РЕИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ПРИ НИВНОТО ВРАЌАЊЕ ОД ЗАПАДНОЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

После визната либерализација, земјите-членки на ЕУ се соочија со бројни барања за азил од страна на државјани на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонски државјани. Кога проблемот со злоупотребата на визната либерализација се појави за првпат, државните власти беа одлучни да се справат со него. Досега, фокусот беше пред сè на репресивни мерки, како што се построга гранична контрола или кривично гонење на оние кои ја овозможуваат нерегуларната миграција. Сепак, многу малку е направено во однос на реинтеграцијата на повратниците.

Повеќе
publication-img

ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ

Главното прашање на кое оваа анализа се обидува да одговори е колку навистина Судскиот совет на РМ успеа да ја обезбеди и да ја гарантира независноста на судството? Перформансите кои се оценува- ни според утврдената методологија1 се однесуваат на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ) и Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија (во натамошниот текст Совет за факти, кој е укинат со закон2).


Повеќе
publication-img

ГРАЃАНИТЕ И НОВИНАРИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ВО МЕДИУМИТЕ

Оваа публикација е дел од проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британска- та амбасада во Скопје, a го имплементираат Центарот за управување со промени и Инсти- тутот за човекови права. Генералната цел на овој проект е јакнење на медиумите и граѓанските организации и овоз- можување на амбиент за остварување на слободата на изразување и медиумскиот интегри- тет како клучен елемент за понатамошна поддршка на државата во процесот на пристапу- вање кон Европската Унија. 

Повеќе
publication-img

КАКО ДО ПОДОБРА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА КОЈА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД АРБИТРАРНИ ИНСПЕКЦИИ И КОНТРОЛИ ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНОТО РАБОТЕЊЕ?

 Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија1. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година. Препораките произлегуваат од идентификуваните проблеми со кои се соочија граѓанските организаици, а се последица на одредени непрецизни законски одредби. Препораките се насочени пред сѐ кон појаснување и прецизирање на постојните законски одредби и јасно дефинирање на правата и должностите на граѓанските организации2 во случаи кога се предмет на инспекции и предистражни постапки од страна на надлежните органи и особено прецизно уредување на овластувањата на овластените лица кои ги вршат контролите односно предистражните дејствија.

Повеќе
publication-img

ВОДИЧ НИЗ ПРЕТХОДНАТА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Водичот содржи опис на правната уреденост на претходната кривична постапка, како една од фазите низ кои се спроведува кривичната постапка. Водичот има за цел на јасен начин да ги запознае претставниците на граѓанските организации со карактеристиките на предистражната и истражната постапка, разликите меѓу нив, овластувањата на јавното обвинителство и полицијата, како и со гаранциите за фер постапка. Водичот е изработен од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Институтот за човекови права (ИЧП) и Коалицијата Сите за правично судење во рамки на неформалната граѓанска иницијатива за заштита на граѓанското општество „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“ поддржана од програмата Цивика мобилитас.

Повеќе
publication-img

ВОДИЧ ЗА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ

Водичот за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надзор од инспекција на трудот има за цел да ги запознае претставнииците на граѓанските организации на јасен начин со овластувањата и надлежностите на инспекторите на трудот, предметот на надзор како и документацијата која што мора да ја поседува организацијата и да ја приложи по барање на инспекторите. Водичот е изработен од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Институтот за човекови права (ИЧП) и Коалицијата Сите за правично судење во рамки на неформалната граѓанска иницијатива за заштита на граѓанското општество „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“ поддржана од програмата Цивика мобилитас.

Повеќе
publication-img

ВОДИЧ ЗА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СЛУЧАЈ НА НАДВОРЕШНА ДАНОЧНА КОНТРОЛА ОД СТРАНА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Водичот за обврските на граѓанските организации во случај на надворешна даночна контрола од страна на Управата за јавни приходи содржи опис на обврските на граѓанските организации кои произлегуваат од законите со кои се уредуваат даноците и даночната постапка. Водичот има за цел да ги запознае претставниците на граѓанските организации на јасен начин со законските обврски кои тие се должни да ги исполнат како исплаќачи на персоналниот данок на доход како и со правата и обврските во случај на надворешна даночна контрола. Водичот е изработен од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Институтот за човекови права (ИЧП) и Коалицијата Сите за правично судење во рамки на неформалната граѓанска иницијатива за заштита на граѓанското општество „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“ поддржана од програмата Цивика мобилитас.

Повеќе
publication-img

ОСНОВНА АНАЛИЗА НА РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е под- готвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Бри- танската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ). Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија прет- ставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и со меѓународните документи ратификувани од РМ....

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ БР. 3 (ФЕВРУАРИ - АПРИЛ 2019)

Повеќе
publication-img

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ - ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските осно- ви на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуал- ното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите. Сепак, значајно е да се напомене дека правото на слобода на изразување е моќна алатка која може да биде злоупотребена и искористена да се поттикне насилство, да се шири омраза и да се наштети индивидуалната приватност и безбедност.

Повеќе
publication-img
28.05.2019

ИЗМЕНИ ЗА ПРАВЕН СИСТЕМ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн. Иницијативите се реализираат од страна на 12 организации што се директно вклучени во процесот на донесување закони преку: (1) Едукација за истражувања и документи за јавни политики; (2) Јакнење на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор; и (3) Интензивирање на соработката со собранието и граѓанските организации...

Повеќе
publication-img

ПРИРАЧНИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО И ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демо- кратските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, про- мовирајќи го јавниот интерес...

Повеќе
publication-img

ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ПРАВНИ АСПЕКТИ

Прирачников што е пред вас претставува средство кое треба да им послужи
на читателите, поточно на студентите по новинарство, на невладините орга-
низации, како и на професионалните новинари, кои, со негова помош имаат
можност да се запознаат со правните стандарди на слободата на изразување. До-
полнително, прирачников треба да биде употребуван како алатка во рамки на обу-
ките на студентите по новинарство и на младите новинари во нашата земја...

Повеќе
publication-img

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЛУСТРАЦИЈА

Лустрацијата, во однос на целта што треба да ја постигне, треба да биде дел од транзиционата правда која ќе овозможи полесен преод од поранешниот режим кон градење плурална демократија заснована врз принципот на владеење на правото и почитување на човековите права. Од историски аспект, лустрацијата претставува инструмент на морална деквалификација кој пред сè зависи од про- цесот на транзиција, но и од суровоста на минатиот режим. И покрај тоа што во литературата не можат да се сретнат објаснувања за различната имплементација на процесот на лустрација и за нејзината честа злоупотреба за политички цели, сепак, во сите дефиниции се напоменува дека лустрацијата, како процес, може да биде единствено ефикасна ако се спроведе веднаш по смената на поранешниот систем, а нејзиното правилно спроведување најмногу ќе зависи од реакцијата на јавноста за потребата од лустрација. Битно е јавноста да чуствува потреба за спро- ведување лустрација уште во почетокот на демократските промени. Лустрацијата се дефинира и како административна мерка која се состои од проверка на лицата кои биле вклучени на високи позиции во комунистичкиот режим и кои се наоѓаат на јавни функции во новонастанатата демократија...

Повеќе
publication-img

ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА РОМИ СО ПОСЕБЕН ФОКУС НА ДЕВОЈЧИЊАТА РОМКИ

Извештаите и истражувањата на повеќето меѓународни и домашни организации и институции во земјава покажуваат дека постои непропорционалност во нивото на образование и на писменост помеѓу ромската заедница и останатата популација. Јазот во писменостa кај возрасните Роми и кај оние што не се Роми е на високо ниво. Овој јаз е уште поголем кај ромските и кај неромските жени. Според индексот за ромската вклученост, спроведен преку истражување на неколку меѓународни организации, разликата помеѓу ромските и неромските деца во Република Македонија(Р.М.) кои запишуваат основно образование е 23%, додека кај девојчињата оваа разлика изнесува 32%. Разликата во продолжувањето на средното образование помеѓу ромските и неромски ученици општо, изнесува 43%, додека разликата помеѓу ромските и неромските девојчиња е дури 53%. Најголем број рани бракови има меѓу ромските деца, особено кај девојчињата кои најчесто рано го напуштаат средното, па дури и основното училиште.

Повеќе
publication-img
23.04.2019

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА УСПЕШНОСТА НА ДЕКАДАТА НА РОМИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2004 - 2014

Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Централниот европски универзитет (ЦЕУ) од Будимпешта, го имплементише проектот „Roma Placement Program“, од мај до декември 2015 г. кој има за цел ангажирање дипломирани Роми во невладини неромски организаци во период од една година. Проектот беше спроведен во Македонија и во Србија, а беше финасиран од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот, Институтот за човекови права, од септември 2015 до март 2016 година, спроведе истражување со цел да се дојде до вкупниот број запишани и дипломирани Роми на државните и на приватните факултети во Република Македонија во периодот од 2004 до 2014 година.
Потребата за ова истражување произлезе од недостатокот на податоци и извештаи во врска со Декадата на Ромите во високото образование, за периодот 2005-2015 година, поточно, недостасуваа истражувања конкретно за запишани и за дипломирани Роми во високото образование.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Остварување на правото на правично судење преку независно, непристрасно и стручно судство е основа на владеењето на правото во секоја модерна демократска држава. Од секоја држава која тежнее кон тоа, оправдано се очекува да стори сè за обезбедување на она што го препорачуваат меѓународните инструменти. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнува и ќе овозможи таа доверба да се реализира...

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР, ПОСТАПКАТА ПРЕД ОРГАНИТЕ И КОМИСИЈАТА, УПОТРЕБА НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ И СУДСКА ЗАШТИТА ПРЕКУ ПОСТАПКИТЕ ИНИЦИРАНИ ОД НОВИН

Со законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер кој започна да се применува од 1 септември 2006 година се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон. Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации...

Повеќе
publication-img
07.03.2019

АНАЛИЗА НА ДОМАШНИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ ВО ПОСТАПКИТЕ ПРИ ИЗБОРОТ, РАЗРЕШУВАЊЕТО И ИЗРЕКУВАЊЕТО НА ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ

Во нашата држава како и во останатите држави кои се базираат врз начелата на владеење на правото и поделба на власта, судството е главниот носител на заштитната функција во остварувањето на индивидуалните слободи и права на човекот и граѓанинот. Таа своја функција и надлежност судството може да ја оствари само доколку се заснова и се раководи од начелата на уставност и законитост, негова независност и непристрасност и тоа како од институционален така и од функционален аспект. Постојат различни правни инструменти кои се предвидени во легислативата и кои стојат на располагање за остварување и заштита на фундаменталните права кои претставуваат неизбежна основа на демократијата и демократскиот напредок. Советот на Европа во препораката REC(2004)6, укажува на потребата државите да го утврдат постоењето на ефикасни правни лекови во сите области од правниот систем...

Повеќе
publication-img
26.02.2019

АНАЛИЗА НА НЕДОСТАТОЦИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Забраната на дискриминација е актуелна тема третирана не само во бројни меѓународни, туку и во национални документи. Антидискриминационата политика е задача на државите на сите нивоа. Државите не смеат ниту да ги кршат човековите права, ниту да дискриминираат. Меѓутоа, оваа обрврска на државата со текот на времето се има проширено затоа што човековите права можат да бидат загрозени и од трети, приватни лица. Поради тоа, обврска на државата не е само да ги почитува човековите права и да не врши дискриминација, туку и да се погрижи третите лица да не ја вршат истата.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНИТЕ КОМИСИИ И РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА - ЗАКОНСКА ПОСТАВЕНОСТ И ПРАКТИЧНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Со законите што го регулираат формирањето и функционирањето на комисии- те генерално е утврдено дека истите се самостојни и независни во извршувањето на законските надлежности и дека изборот на кадрите се врши по пат на јавно објавен конкурс во кој се содржани и критериумите што се бараат, а изборот, по правило, го врши Собранието на РМ, по предлог на надлежната собраниска коми- сија за избор и именување. Наспроти ваквата законска поставеност и критериуми- те за стручност и компетентност, во практиката е присутно големото политичко влијание при изборот на кадрите во овие тела, што понатаму се реперкуира со влијание на владејачката гарнитура врз донесувањето на нивните одлуки. Оттука, наместо независност, професионалност и објективност, овие тела, најчесто, при одлучувањето покажуваат двојни стандарди – селективен однос и пристрасност...

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Правото на култура е човеково право утврдено во меѓународното право и во до- машното право во Република Македонија. Како и за другите права, така и за ова, стожерен принцип што се применува е принципот на еднаквост и недискримина- ција, како и принципот на учество/партиципативност. Еднаквоста во заштитата, промовирањето и унапредувањето на човековите права на припадниците на мал- цинствата е од клучно значење1 и таа вклучува и обезбедување посебни услови и воведување посебни мерки и механизми за практикување на истите од страна на малцинствата. Покрај столбот на недискриминација, во врска со малцинските пра- ва постои и идентитетскиот столб кој се однесува на зачувување и промовирање на сопствената култура, на културниот живот и на идентитетот.2 И за двата столба важен е стожерниот принцип на учество во процесите на донесување на одлуки- те, без дискриминација, особено на оние кои директно ги засегаат малцинствата...

Повеќе
publication-img

ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА МИСЛА И ИЗРАЗУВАЊЕ И СЛОБОДА НА МИРЕН СОБИР И ЗДРУЖУВАЊЕ

МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ СТАНДАРДИ И ПРАКТИКА

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ БР. 2 (ОКТОМВРИ 2018 - ЈАНУАРИ 2019)

Повеќе
publication-img

ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РОМИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Овој труд ја анализира генералната сoстојба во основното и средното образование која ги засега ромските ученици во Република Македо- нија. Намерата e да се постигне целта на проектот и да се илустрираат постоечките проблеми, но, исто така, и да се прикаже напредокот во неколкуте области кои го засегаат образованието на оваа ранлива група. Анализите упатуваат и на други извештаи, организации и институции кои веќе имаат презентирани податоци во рамките на општата тема со цел да ги поврзат вредносните наоди направени од веќе ангажираните лица. Правниот аспект може да се изнајде како во наведените закони така и во домашните и меѓународните одредби. Ова е збогатено со најновата судска практика заснована врз претходни судски одлуки на Европскиот суд за човекови права, со можност во неколку наврати да се изјасни за прашањето на сегрегација на ромските ученици. За да се донесат релевантни заклучоци за севкупната социјална, легална и политичка позадина, анализите прикажуваат случаи и примери од интервјуираните родители и ученици.

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Забрана на дискриминацијата е актуелна тема која е третирана како во бројни меѓународни, така и во национални документи. Универзалната декларација за човекови права укажува дека “сите човекови суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права”. Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) на сите лица под јурисдикција на договорната страна –држава потписничка на оваа Конвенција е во обврска да им го обезбеди исполнувањето на правата и слободите утврдени во истата и нејзините протоколи. ЕКЧП забранува дискриминација во уживање на правата и слободите предвидени во оваа конвенција по разни основи, наброени во чл.14, но со проширена листа на основи утврдена во праксата на Европскиот суд за човекови права. Со протоколот бр.12 на ЕКЧП се проширува полето на правата и слободите по однос на оваа заштита.

Повеќе
publication-img

Прв мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РМ

Повеќе
publication-img

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПЕРЦЕПЦИЈА, ПОТЕШКОТИИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Во реализацијата на проектот, пред сè, се обидовме да ја презентираме перцепцијата за состојбите во македонското судство, потешкотиите на кои се наидува во извршувањето на судиската функција и предизвиците што може да се детектираат, сè со цел подобрување на состојбите во оваа сфера.
Независноста и непристрасноста се препознатливи и битни категории поврзани со судството и важен сегмент во остварувањето на демократијата и владеењето на правото. Главните придобивки од примената на овие принципи, меѓу другото, се остварувањето на општествениот напредок, гаранцијата, остварувањето и заштитата на човековите права и слободи, како и хармонизцијата меѓу луѓето.
Секоја држава има обврска да оствари доверба во судскиот систем. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнуваат и ќе овозможуваат таа доверба да се реализира.

Повеќе
publication-img

ПРЕГЛЕД НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Во рамки на проектот „Преглед на правните лекови во Ре- публика Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” финансиски поддржан од Амбасадата на САД, Институтот за човекови права (ИЧП), преку процес на отворени професионални дебати, имаше за цел да ги идентификува и да ги анализира состојбите на ефективноста на домашните правни средства во остварувањето и заштитата на правото на слобода на изразување и на правото на мирен собир. Тимови, составени од членови на ИЧП ги водеа овие дебати, собирајќи релевантни податоци потребни за изготвување ана- лиза во која ќе бидат презентирани постојните правни средства во легислативата од оваа област, од практиката на нивната примена и заклучоци од процесот на ова истражување...

Повеќе
publication-img

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ПЕРИОД ОД ЈУНИ ДО СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА

Мониторингизвештајот за работата на Судскиот совет на РМ, во период од јуни 2018 до септември 2018 година, е изработен во рамки на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РМ“1 , со цел оценка на транпарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ). Проектот обезбедува континуитет на Институтот за човекови права во мониторирањето на работата на ССРМ, како продолжение на веќе спроведениот проект „Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот совет на РМ“. 2

Повеќе
publication-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕДИУМСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Корупцијата како општествен феномен претставува еден од главните предизвици за развојот на здраво општество. Не постои општество што е имуно на корупцијата како девијантна појава. Меѓутоа, клучни разлики во поглед на склоноста кон корупција меѓу општествата се врзуваат за развојот и примената на ефективни механизми за нејзино идентификување и санкционирање. Македонија, која својот пат кон самостојноста го започна со транзиција во нов општествен систем, сѐ уште е земја во која корупцијата ги пронижува речиси сите сфери на општеството. Иако според анализите постои јавна свест за проблемот на корупцијата, борбата против корупцијата е поткопана од култура на неказнивост.

Повеќе
publication-img
28.11.2016

СЕГРЕГАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Институтот за човекови права, во периодот од јуни до октомври 2016 година, спроведе истражување за состојбата на учениците Роми во основното образование во пет општини на територијата на државава и тоа општините Битола, Куманово, Штип и две општини на територија на град Скопје – општините Ѓорче Петров и Гази Баба. 

Цел на ова истражување е да ја анализира состојбата на учениците Роми, првично во овие пет општини, да утврди дали постои сегрегација на ромските ученици во основните училишта преку бројот на ученици Роми во едно училиште, составот на паралелките во училиштата каде се распоредуваат учениците Роми дали при уписите во прво одделение се почитува одлуката за реонизација и слично.  

Повеќе