projects-bg

Тековни проекти

ЗГОЛЕМЕНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Донатор: Француска амбасада во Скопје

Времетраење на проектот: 01 април 2022 – 31 декември 2022


Општа цел:

Целта на проектот е да се зголеми транспарентноста на Советот на јавни обвинители кон јавноста и да се подобри ефикасноста и отчетноста на институцијата преку давање на препораки.


Специфични цели во рамките на проектот се следниве:

Специфична цел 1: да се зголеми транспарентноста и отчетноста на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија;

Специфична цел 2: да се иницира дебата за прашања и предизвици во правната рамка и во политиките како и да се најдат соодветни решенија за функционирање на Советот на јавни обвинители.


Во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

  1. Организирање експертска дебата за предизвици и прашања поврзани со имплементација на Законот за Совет на јавни обвинители и промовирање на дебата за можни решенија.
  2. Следење на седниците на Советот на јавни обвинители
  3. Подготовка на Документ за јавни политики со препораки за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста.
  4. Организирање на работилница со членовите на Советот на јавни обвинители со цел подобрување на капацитетите за транспарентност и отчетност на Советот на јавни обвинители.


Таргет групи:

Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија, јавни обвинители, правни експерти.

project-img project-img
news-bg

Новости