news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Организирана работилница на тема „Зголемување на транспарентноста на јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија“

На 15 ноември 2022 година, Институтот за човекови права организираше работилница со претставници од Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство Скопје со цел развивање на комуникациски вештини заради поголема транспарентност на јавнообвинителскиот систем, а во насока на исполнување на препораките дадени во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2022 година и Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година. На работилницата беа  разгледани можностите за подобро развивање на комуникациски вештини со цел проактивно објавување на информации, отвореност и транспарентност во работата на јавнообвинителските институции.

project-img project-img