projects-bg

Тековни проекти

МЛАДИТЕ ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Донатор: Проект „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“

Времетраење: 1.9.2025 – 31.5.2026

Општа цел: Општата цел на овој проект ќе биде да се поттикне побезбедна и поинклузивна образовна средина преку промовирање на проактивната употреба на двата прирачници меѓу наставниците, родителите и учениците, со што ќе се намалат инцидентите на врсничко насилство и говор на омраза во училиштата.

Специфични цели:

  • Подигање на свеста кај учениците, родителите и наставниците за формите, причините и влијанијата на насилството меѓу учениците и говорот на омраза. Ова вклучува разбирање на физичките, емоционалните и социјалните ефекти од овие однесувања и нивниот потенцијал да ја нарушат средината за учење и долгорочната благосостојба на учениците.
  • Стекнување на наставниците со вештини и знаења за идентификување на раните предупредувачки знаци на насилство и говор на омраза, спроведување стратегии за превенција и ефикасно реагирање на инциденти во училишната средина. Овој резултат, исто така, вклучува поддршка на наставниците во воспоставувањето јасни кодекси на однесување и механизми за решавање на конфликти.
  • Оспособување на родителите да ги препознаваат знаците на виктимизација или агресивно однесување кај своите деца, да ги разбираат факторите што придонесуваат за таквото однесување и соодветно да реагираат. Ова вклучува охрабрување на отворена комуникација со нивните деца и соработка со училишниот персонал за решавање на новите проблеми.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Подготвнителни активности на проектот;
  • Подготовка на материјали и ресурси за обуки;
  • Интерактивни презентации (обуки) во училиштата;
  • Работилници за наставници и стручен кадар од избрани училишта и
  • Работилници со родители.
project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

Прирачник за родители за препознавање и реагирање во случај на насилство врз деца вклучувајќи врсничко насилство и говор на омраза

Повеќе
post-img

Прирачник за наставници за примена на мерки на заштита за деца и ученици од насилство вклучувајќи врсничко насилство и говор на омраза

Повеќе
post-img

Спроведена обука со ученици и работилница со родители, наставен и стручен кадар од ООУ „Васил Главинов“ Скопје

Повеќе
post-img

Спроведена обука со ученици и работилница со родители, наставен и стручен кадар од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола

Повеќе
post-img

Спроведена обука со ученици и родители од ООУ „Кочо Рацин“ - Скопје

Повеќе
post-img

Спроведена обука со ученици и родители од ООУ „Гоце Делчев“ – Штип

Повеќе
post-img

Спроведена обука со ученици и родители од ООУ „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Повеќе