Донатор: Проект „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“
Времетраење: 1.9.2025 – 31.5.2026
Општа цел: Општата цел на овој проект ќе биде да се поттикне побезбедна и поинклузивна образовна средина преку промовирање на проактивната употреба на двата прирачници меѓу наставниците, родителите и учениците, со што ќе се намалат инцидентите на врсничко насилство и говор на омраза во училиштата.
Специфични цели:
- Подигање на свеста кај учениците, родителите и наставниците за формите, причините и влијанијата на насилството меѓу учениците и говорот на омраза. Ова вклучува разбирање на физичките, емоционалните и социјалните ефекти од овие однесувања и нивниот потенцијал да ја нарушат средината за учење и долгорочната благосостојба на учениците.
- Стекнување на наставниците со вештини и знаења за идентификување на раните предупредувачки знаци на насилство и говор на омраза, спроведување стратегии за превенција и ефикасно реагирање на инциденти во училишната средина. Овој резултат, исто така, вклучува поддршка на наставниците во воспоставувањето јасни кодекси на однесување и механизми за решавање на конфликти.
- Оспособување на родителите да ги препознаваат знаците на виктимизација или агресивно однесување кај своите деца, да ги разбираат факторите што придонесуваат за таквото однесување и соодветно да реагираат. Ова вклучува охрабрување на отворена комуникација со нивните деца и соработка со училишниот персонал за решавање на новите проблеми.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Подготвнителни активности на проектот;
- Подготовка на материјали и ресурси за обуки;
- Интерактивни презентации (обуки) во училиштата;
- Работилници за наставници и стручен кадар од избрани училишта и
- Работилници со родители.