НОВ ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ за примена на мерки на заштита за деца и ученици од насилство вклучувајќи врсничко насилство и говор на омраза.
Безбедното училишно опкружување е основно право на секое дете. Овој прирачник нуди конкретни насоки за градење на безбедна и инклузивна средина во училиштата.
Која е главната цел?
Прирачникот служи за појаснување и воедначување на конкретните начини на постапување на училиштата при секој облик на насилство (вклучувајќи го и врсничкото насилство и говорот на омраза). Тој јасно ги дефинира улогите и одговорностите на сите вклучени страни за брза и ефикасна реакција.
За кого е наменет?
Заштитата на учениците е заедничка одговорност. Прирачникот е наменет пред сé за наставници, но и за сите други кои се соочиле со ваква проблематика и сакаат да се информирани како треба да постапат во соодветна ситуација кога ќе забележат врсничко насилство вклучувајќи и говор на омраза.
Што вклучува овој Прирачник?
Последиците од насилството врз физичкото и психичкото здравје на децата се сериозни и долготрајни. Наша должност е да реагираме навремено и стручно.
Да создадеме училишта засновани на почитување, еднаквост и недискриминација!
Прирачникот е достапен на овој линк.
------------------------
Овој прирачник е изработен во рамки на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“ која се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.