news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Спроведена обука со ученици и работилница со родители, наставен и стручен кадар од ООУ „Васил Главинов“ Скопје

На ден 15.4.2026 година беше одржана обука со ученици од осмо и деветто одделение на тема превенција, препознавање и санкционирање на говор на омраза и врсничко насилство.

Психологот преку интерактивна комуникација со учениците успеа да ги мотивира да споделат свои видувања на различни ситуации поврзани со врсничко насилство и говор на омраза. Особено нè радува фактот што учениците знаат да препознаат врсничко насилство и говор на омраза, да ги дефинираат и разликуваат видовите на врсничко насилство како и каде и кому да пријават врсничко насилство и/или говор на омраза. Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, ги запознаа учениците со нивните одговорности, но и со казните предвидени согласно Законот за правда на децата.

Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар од училиштето на која се разви дискусија за мерките коишто треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира говор на омраза и врсничко насилство. Низ дискусија учесниците се осврнаа и на измените на Законот за основно образование и подзаконските акти кои се однесуваат на постапување при случаи на врсничко насилство.



------------------------


Овој проект е финансиски поддржан од Советот на Европа преку проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

project-img project-img