projects-bg

Тековни проекти

СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Донатор на проектот: Амбасадата на САД во Скопје

Времетраење:  16 август 2021 – 15 август 2022

Целта на овој проект е следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Антикорупциска стратегија) преку исполнување на мерките на Владата на Република Северна Македонија и иницијативите кои се составен дел на планот на Владата во борбата против корупцијата насловен како „Акција 21”.

Во рамките на проектот, предвидено е да се реализираат две специфични цели и тоа:

  • Да се процени успешноста и брзината на преземените чекори на Владата во борбата против корупцијата согласно Антикорупциската стратегија и Владиниот план „Акција 21” како и да се дадат заклучоци и препораки и
  • Да се подигне свеста и да се стекне знаење за важноста од преземање на активно учество во процесот на елиминација на корупцијата преку употреба на националните механизми и негативните последици од корупцијата меѓу пошироката јавност.

Активности во рамките на проектот:

  • Подготовка на методологија за следење на националните активности поврзани со имплементација на Антикорупциската стратегија и Акција 21 со цел борба против корупцијата;
  • Следење на работата на сите надлежни чинители опфатени со Антикорупциската стратегија и Владиниот план Акција 21;
  • Подготовка на квартални извештаи во врска со имплементација на Антикорупциската стратегија и Владиниот план Акција 21;
  • Подготовка на онлајн курс за препознавање и борба против корупцијата кој ќе биде достапен на ИЧП Академијата за е-учење;
  • Онлајн кампања со цел подигање на свеста за негативните последици од корупцијата и важноста на пријавување дела од корупција;
  • Подготовка на анализа која ќе ги детектира недостатоците во имплементацијата на националните активности во борбата против корупцијата и ќе понуди препораки за нивно надминување;
  • Завршна конференција за презентирање на реализираните проектни активности и остварените резултати.
project-img
news-bg

Новости

post-img

Анализа на националните документи релевантни во борбата против корупцијата

Повеќе
post-img

ИНФОГРАФИК: МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА „ПЛАН ЗА ПОЛИТИКИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ“

Повеќе
post-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА „ПЛАН ЗА ПОЛИТИКИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ“

Повеќе
post-img

Курс „Основи за борба против корупција во Република Северна Македонија (РСМ)“

Повеќе
post-img
post-img

ИНФОГРАФИК: МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Повеќе
post-img

ИНФОГРАФИК: МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“

Повеќе
post-img

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Повеќе
post-img

Повик за ангажирање на експерти за изработка на онлајн курс за борба против корупција 02/2022

Повеќе
post-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Повеќе
post-img

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ За ангажирање на фирма за изготвување на визуелни продукти и други елементи

Повеќе
post-img

Oдржани средби со претставници на национални институции

Повеќе
post-img

Потпишан Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција

Институтот за човекови права потпиша Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)


Повеќе