news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ За ангажирање на фирма за изготвување на визуелни продукти и други елементи

Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, има потреба од набавка на услуги за изготвување на визуелни продукти и други елементи од страна на фирма која го има потребното искуство и квалитет во доставување на ваков тип на услуги. Повикот и техничката спецификација можете да ги најдете тука:

Понудите се доставуваат во електронска форма на е-поштата martin.sopronov@ihr.org.mk, со назнака: Изготвување на визуелни продукти и други елементи за потребите на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата”.

Краен рок на доставување на понудите е до 22.02.2022 година. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на martin.sopronov@ihr.org.mk најдоцна до 21.02.2022 година.