news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Вториот мониторинг – извештај за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за период од јануари до март 2022 година, е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнините и недостатоците во спроведувањето на планираните чекори. 

Согласно со тоа дека фокусот во првиот мониторинг извештај бешe ставен на планот за борбата против корупцијата „Акција 21“ и на активностите преземени согласно со планот, во овој извештај фокусот е ставен на резултатите од првата година (2021) од имплементацијата на Националната стратегија. Со цел полесно да се оцени нивото на имплементација и да се извести за предизвиците со кои институциите се соочуваат во нивното спроведување, мерките-активностите предвидени во Националната стратегија ќе бидат поделени на пет области, каде што се допираат со мерките во „Акција 21“ : (i) Јавни набавки; (ii) Вработување; (iii) Правосудство, (iv) Економија и бизнис и (v) Јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и на локалната самоуправа. 

Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука.

project-img