news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Повик за ангажирање на експерти за изработка на онлајн курс за борба против корупција 02/2022

Институтот за човекови права во рамките на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, има потреба од ангажирање на експерти за изработка на онлајн курс за борба против корупција во рамките на Академијата на Институтот за човекови права со цел да се истакне важноста од преземање на активно учество во процесот на елиминација на корупцијата преку употреба на националните механизми и негативните последици од корупцијата меѓу пошироката јавност.

Повикот и проектната задача можете да ги најдете тука:

Понудите се доставуваат во електронска форма на маилот martin.sopronov@ihr.org.mk, со назнака: „Понуда за изработка на онлајн курс за борба против корупција”.

Краен рок на доставување на понудите е до 08.04.2022 година (петок). Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на маилот martin.sopronov@ihr.org.mk најдоцна до 06.04.2022 година (среда).

project-img