Донатор на проектот: Амбасадата на САД во Скопје
Времетраење: 16 август 2021 – 15 август 2022
Целта на овој проект е следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Антикорупциска стратегија) преку исполнување на мерките на Владата на Република Северна Македонија и иницијативите кои се составен дел на планот на Владата во борбата против корупцијата насловен како „Акција 21”.
Во рамките на проектот, предвидено е да се реализираат две специфични цели и тоа:
- Да се процени успешноста и брзината на преземените чекори на Владата во борбата против корупцијата согласно Антикорупциската стратегија и Владиниот план „Акција 21” како и да се дадат заклучоци и препораки и
- Да се подигне свеста и да се стекне знаење за важноста од преземање на активно учество во процесот на елиминација на корупцијата преку употреба на националните механизми и негативните последици од корупцијата меѓу пошироката јавност.
Активности во рамките на проектот:
- Подготовка на методологија за следење на националните активности поврзани со имплементација на Антикорупциската стратегија и Акција 21 со цел борба против корупцијата;
- Следење на работата на сите надлежни чинители опфатени со Антикорупциската стратегија и Владиниот план Акција 21;
- Подготовка на квартални извештаи во врска со имплементација на Антикорупциската стратегија и Владиниот план Акција 21;
- Подготовка на онлајн курс за препознавање и борба против корупцијата кој ќе биде достапен на ИЧП Академијата за е-учење;
- Онлајн кампања со цел подигање на свеста за негативните последици од корупцијата и важноста на пријавување дела од корупција;
- Подготовка на анализа која ќе ги детектира недостатоците во имплементацијата на националните активности во борбата против корупцијата и ќе понуди препораки за нивно надминување;
- Завршна конференција за презентирање на реализираните проектни активности и остварените резултати.