news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА „АКЦИЈА 21“ И НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ

Прв мониторинг - извештај за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за периодот од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“,  поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Оценувањето на степенот на реализација на активностите предвидени во ,,Акција 21“, во корелација со активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата, ќе се направи преку скалата за оценување, поделена во 4 нивоа (нулта, почетно, делумно и целосно) и имплементација на мерките.

Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука.

project-img