projects-bg

Тековни проекти

ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, БУЛИНГ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Донатор: Германска амбасада во Скопје

Времетраење на проектот: 15 мај 2021 – 15 мај 2022

Општа цел:

Целта на проектот е да ја потенцира важноста во однос на спречување и заштита од дискриминација (со посебен фокус на следниве основи: сексуална ориентација, родов идентитет, социјална и родова нееднаквост), говор на омраза и „булинг” – врсничко насилство меѓу средношколците.

Специфични цели во рамките на проектот се следниве:

Специфична цел 1: да се подигне свеста меѓу учениците и професорите за дискриминацијата (со посебен фокус на сексуалната ориентација, родовиот идентитет, социјалната и родова нееднаквост), говорот на омраза и булингот како и истите да се сузбијат преку инклузивен процес меѓу учениците;

Специфична цел 2: да се зголеми знаењето на професорите, педагозите и учениците со цел спречување и заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза како и да се потенцира значењето за почитување на човековите права и промовирање на толерантност и прифатливост и

Специфична цел 3: да се поддржат државните институции во креирање на одржливи мерки за адресирање на дискриминацијата, булингот и говорот на омраза со цел  придонесување кон потолерантен и инклузивен образовен процес во средните училишта.

Во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

  • Подготовка на методологија за мониторирање на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација;
  • Мониторинг на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со цел  прибирање на податоци за состојбите со дискриминацијата;
  • Објавување на квартални извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација;
  • Спроведување на јавна анкета за состојбите со дискриминацијата, говорот на омраза и булингот;
  • Спроведување на истражување за влијанието на медиумите во насока на креирање на стереотипи, дискриминација и поттикнување на говор на омраза и булинг;
  • Организирање на фокус група со релевантни чинители со цел креирање на заклучоци и препораки за подобрување на образовниот процес во средните училишта и спречување на дискриминација, говор на омраза и булинг;
  • Подготовка и промоција на два онлајн курсеви за дискриминација, говор на омраза и булинг кои ќе бидат достапни на Академијата за човекови права на ИЧП;
  • Воспоставување на примарна правна помош за ученици во вид на давање на совети за спречување на дискриминација, говор на омраза и булинг;
  • Организирање на кампања со цел подигање на свеста кај учениците и пошироката јавност за дискриминацијата, говорот на омраза и булинг;
  • Подготовка на анализа врз основа на наодите од мониторинг извештаите, спрoведената анкета, организирана фокус група и сл. со цел да се направи анализа на моменталната состојба во државата и да се дадат препораки за спречување на дискриминацијата, говорот на омраза и булингот.
  • Организирање на јавен (завршен) настан со цел презентирање на реализираните проектни активности и постигнатите резултати.

Таргет групи:

Ученици во средните училишта, професори, педагози, Министерство за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител, родителите на учениците и пошироката јавност.

project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

Инфографик: МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КСЗД БР.1

Повеќе
post-img

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈA БР.1

Повеќе
post-img

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ (експерти за изготвување на два курса)

За потребите на проектот „Заштита од дискриминација, врсничко насилство и говор на омраза”, финансиран од Германска амбасада, проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ за ангажирање на експерти за изготвување на два курса за заштита од дискриминација, врсничко насилство и говор на омраза. 

Повеќе
post-img

Анкета за испитување на јавно мислење „Како медиумите влијаат врз средношколците?“

Институтот за човекови права спроведува истражување на влијанието на социјалните медиуми и мас-медиуми во креирањето на јавно мислење и последиците изразени преку градење на стереотипи, дискриминација (сексуална ориентација и родов идентитет, род и статус), булинг и говор на омраза кај средношколците.

Повеќе