news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, БУЛИНГ И ГОВОР НА ОМРАЗА

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КСЗД БР.2

Од презентацијата на достапните квартанлни извештаи на Комисијата видливо е дека истата се соочува со недостиг од техничка опрема и стручен кадар. Како позитивен напредок во овој период е пуштањето во употреба на новата веб страница на Комисијата на која се достапни мислењата, општите препораки на Комисијата, статистички податоци, податоци за вклучување во судски постапки, стручни мислења на Комисијата, како и останати податоци корисни за јавноста. 

Исклучително корисен е воспоставениот систем на прибирање и обработка на статистички податоци во врска со дискриминацијата и можноста за дирекно пријавување на дискриминација преку веб страницата. 

Комисијата, во извештајниов период, примила значителен број на претставки за заштита на правата кои како основ ја имале сексуалната ориентација, родовиот идентитет или пол (вкупно 28). Од нив дури 9 претставки се однесувале на дискриминација заснована на сексуална ориентација и 8 на дискриминација заснована на родов идентитет, кои, како нови основи, се внесени во новиот Закон за спречување и заштита од дисискриминација.

Целосниот мониторинг е достапен тука.