projects-bg

Реализирани проекти

Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот Совет на Република Македонија


Цел на проектот

Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.

Резултати

  • Направена основна анализа за работата на Судскиот совет на Р.М. користејќи го воспоставениот
    мониторинг;
  • Следење (мониторинг) на ефикасноста и транспарентноста на Судскиот совет на
    Р.М. и информирање на јавноста;
  • Зголемување на јавната свест за значењето на Судскиот совет на Р.М.

Судскиот совет на Р.М. има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото во Македонија.
Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството. Во голем број меѓународни извештаи за земјата изнесени се сериозни критики за независноста на судството и необезбедување на владеење на правото. Институтот за човекови права (ИЧП) преку редовни „набљудувачки“ активности на судството во последните четири години идентификуваше одредби во регулативата и практиката кои ја поткопуваат независноста и непристрасноста на македонското судство за што допринесува и недоволната транспарентност во работењето на Судскиот совет на Р.М.

Проектот ќе:

  • Развие методологија за следење на работата на Судскиот совет на РМ;
  • Произведе основна студија за моменталната состојба;
  • Обезбеди постојано следење на Судскиот совет и за тоа ќе известува во квартални мониторинг извештаи;
  • Организира 9 јавни настани – отворени дискусии;
  • Развиe пристапна иновативна алатка за транспарентност и ефикасност;
  • Дисеминира информативни листови на секои три месеци во пишаните медиуми;
  • Произведе финална анализа со заклучоци и препораки за подобрување на правната рамка и праксата.

Засегнати страни

Судски совет на Р.М; судиите и судската администрација; правните практичари и експерти и сите граѓани во Република Македонија.

Проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ е поддржан од Британска Амбасада Скопје.

news-bg

Новости

post-img

Записници и извештаи од мониторинг на седниците на ССРМ

Повеќе
post-img

Депрофесионализација на Судскиот совет на РМ - придобивки и можни ризици

Повеќе
post-img

Транспарентност, отчетност и ефективност на ССРМ - Инфографици

Повеќе
post-img

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ за период декември 2017 до март 2018

Повеќе
post-img

Анализа - Транспарентност, отчетност и ефективност на работата на Судскиот совет на РМ

Повеќе
post-img

Илустративни видеа за работата на Судскиот совет на РМ

Повеќе
post-img

До каде граѓаните можат да поднесат претставки против работењето на судиите и претседателите на судови?

Претставките и поплаките против работењето на судиите и претседателите на судови, граѓаните од сега ќе можат да ги поднесат во Судскиот совет на РМ наместо како до сега до Советот за утврдување на факти кој престана да постои...

Повеќе
post-img
post-img

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за факти - бр. 4

Повеќе
post-img

Покана за презентација на четвртиот мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ за периодот од август до ноември 2017 година

Повеќе
post-img

Видео за третиот мониторинг извештај

Видео од третиот мониторинг извештај за период од мај до јули 2017 за работата на ССРМ и Советот за утврдување на факти. Видеото е изработено во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти“...

Повеќе
post-img

МОНИТОРИНГ извештај ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ

Повеќе
post-img

Видео од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ и Советот за факти

Погледнете го видеото кое дава краток преглед на работата на Судскиот совет и Советот за факти за периодот од ноември 2016 година до април 2017 година...

Повеќе
post-img

Резиме од мониторингот на седницата на Судскиот совет на РМ - 3 јули 2017 година

На 3 јули 2017 година Судскиот совет го усвои Годишниот извештај за работа на ССРМ за 2016 година...

Повеќе
post-img

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти-бр.2

Повеќе
post-img

Презентација на вториот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ

Повеќе
post-img

Видео: Судски совет на РМ

Видеото за работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвено во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје...

Повеќе
post-img

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти-бр.1

Ова е првиот мониторинг извештај во рамките на проектот, кој го опфаќа периодот од ноември 2016 до јануари 2017 година. Мониторинг извештајот за транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија е подготвен врз основа на Мониторинг матрицата со утврдени индикатори...

Повеќе
post-img

Методологија за следење на работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти

Оваа методологија на мониторинг е подготвена во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да ја зголеми заинтересираноста на граѓаните за улогата на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) и од друга страна да ја зголеми отчетноста на Судскиот совет...

Повеќе
post-img

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ

Институтот за човекови права објавува оглас за изработка на видео материјал за работата на Судскиот совет на РМ...

Повеќе
post-img

Основна анализа на работењето на Судскиот совет на Република Македонија

Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ). Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија претставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и со меѓународните документи ратификувани од РМ...

Повеќе
post-img

Мобилна апликација за следење на работата на Судскиот совет на РМ

Институтот за човекови права изготви мобилна апликација за следење на работата на Судскиот совет. Апликацијата може да ја преземете бесплатно на Play Google и на Apple Store под името „Sudski sovet pod lupa“. Тука ќе ги најдете сите тековни информации и извештаите изработени во рамките на проектот за работата на Судскиот совет на РМ...

Повеќе