Донатор: Европска Унија
Времетраење на проектот: 48 месеци
Општа цел:
Промоција на човекови права и намалување на дискриминацијата кон маргинализираните и ранливи групи.
Поединечни цели
- Да се овозможи заштита од дискриминација на маргинализираните групи, преку нивно застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Граѓанските судови, како и пред Уставниот суд.
- Зголемување на свеста за дискриминацијата и препознавање на кршењето на човековите права
- Да се подигне свеста и да се создадат капацитети кои ќе го применуваат пристапот базиран на човекови права при подготвување на политики и останати програми.
- Залагање за соодветно законодавство и соодветни политики насочени кон заштита на човековите права и активно набљудување на имплементацијата на Европското законодавство кое се однесува на основните права и еднаквоста.
Целни групи:
- Маргинализирани групи на граѓани
- Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
- Основите граѓански судови
- Уставниот суд
- Креатори на политики
- Јавни институции и организации во бизнис секторот
- Граѓански организации
Резултати од проектот:
- Поднесени иницијативи пред Уставниот суд
- Поведени постапки пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
- Креирана онлајн платформа
- Акумулирано информации за случаи на дискриминација на основа на сексуална ориентација, родов идентитет и попреченост.
- Реализирани состаноци со релевантни засегнати страни
- Изготвена методологија за имплементација на пристапот заснован на човекови права
- Тренинзи за организации, институции и бизниси за интеграција на пристапот заснован на човекови права при создавање на политики и програми
- Објавени промотивни материјали за информирање на јавноста во врска со дискриминацијата
Финални корисници:
Маргинализирани и ранливи групи на граѓани, јавни институции, бизнис сектор, здруженија на граѓани.
Пандемијата на коронавирус болеста КОВИД-19 предизвика глобална здравствена, економска и социјална криза, која ја затекна Република Северна Македонија (РСМ) во специфични услови на предизборие, распуштено Собрание и техничка Влада составена од дотогаш владеачката коалиција и опозицијата.
Вонредната ситуација предизвикана од заканите од коронавирусот по јавното здравје и економијата, како и потребата од преземање на итни мерки, беа причини техничката Влада да предложи прогласување на вонредна состојба во нашата земја.
Итната медицинска помош е здравствена услуга којашто ги вкрстува традиционалните дисциплини фокусирани на болести и обезбедува брза интервенција за итни случаи специфични за одредени болести, вклучувајќи компликации поврзани со бременост, заразни и незаразни болести и повреди...
Институтот за човекови права се залага за обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права. За таа цел Институтот за човекови права се регистрираше за давање на примарна правна помош.