news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

Обука за пристап заснован на човекови права за бизнис сектор

Институтот за човекови права во рамките на проектот „Човекови права за сите“ финансиран од страна на Европската Унија, ќе организира обука за користење на Методологијата за Примена на пристапот заснован на човекови права во бизнис секторот, која ќе се одржи на 29ти и 30ти октомври 2020 година (четврток и петок) од 12 до 17 часот во хотел Мериот во Скопје

На обуката се препорачува да присуствуваат лица кои што се вклучени во развој, имплементација или мониторинг и евалуација на програми или стратегии.

Ве молиме да го најавите присуството на најмногу 2 (два) учесника од вашата компанија најдоцна до 27ми октомври 2020 година. За да се запазат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, бројот на учесници е ограничен и изборот на учесниците ќе биде на принцип прв дојден, прв услужен.

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк или преку меил.

За сите нејаснотии и дополнителни информации слободно контактирајте не на ihr@ihr.org.mk или на тел број 02/3243 331 и 071 330 923 (лице за контакт Тамара Доневска).

Деталите за обуката можете да ги пронајдете на овој документ